За себе мисли дека не е убав, страдал од депресија - Факти за Рио од La Casa de Papel
- Детали
- недела, 19 септември 2021
„Мајка ми беше секогаш со мене. Таа е вистинска МАЈКА. Големите букви се премногу мали за да ја опишат“ – вели во една од објавите на Инстаграм Мигел Херан познат како Рио во серијата La Casa de Papel.
Кога Мигел Херан ја започнал кариерата во 2015-тата година во La Casa de Papel воопшто не очекувал дека за кратко време ќе стане светски позната ѕвезда.
Улогата на Анибал Рио Кортез во серијата во целост ќе му го промени животот.
Во колкава мера му се променил животот може да дознаете доколку проследите неколку поинтересни факти за него и за неговиот живот.
Зависник е од адреналин
Мигел Херан дефинитивно е зависник од адреналин, а познато е дека особено сака да вози крос мотоцикли - почнал да ги вози на возраст од само 3 години.
Се здобил со возачка дозвола веднаш штом бил доволно возрасен да го направи тоа. Денес слободното време го поминува во возење мотоцикли во планински предели.
Мислел дека ќе работи како механичар
Мигел не очекувал дека ќе стане актер. Тој не бил мошне посветен на училиштето, а никогаш и не сонувал дека ќе има светска слава.
Сметал дека ќе се занимава со некоја обична професија:
„Во моите најдобри соништа се гледав себеси во механичарска работилница и тоа ако учев доволно, секако!“
Страдал од депресија
Мигел во минатото беше мошне отворен за проблемите со менталното здравје. Тој отворено призна дека се бори со депресија и дисморфофобија (опсесивна преокупација со страв дека неговата појава ќе изгледа грдо или дефектно).
Во еден миг имал мошне тежок период и сметал дека нема да живее уште долго, а верувал дека на крај ќе заврши на улица.
Сака да направи филм за својата мајка
Тој се надева дека еден ден ќе биде во можност да го искористи својот талент за да ја раскаже приказната што нему му е мошне важна, а тоа е приказната на неговата мајка. Откако ја доби наградата Goya во 2016-тата тој рече:
„Мојот живот беше како филмско сценарио. Сега почнувам да правам филм за мајка ми и за тоа како сум дошол на овој свет, луѓето ќе го сфатат говорот што го дадов на доделувањето на наградите Goya“.
Една случајна средба му го променила животот
Патот на Мигел до актерската кариера би можела да ве убеди да почнете да верувате во фразата дека „сè се случува со причина“.
Еден ден додека бил излезен со пријатели Мигел налетал на шпанскиот актер и режисер Даниел Гузман.
Мигел и неговите пријатели на Гузман му наликувале на типот на луѓе што му се потребни за проектот на кој работел.
Оваа средба всушност довела до тоа Мигел да ја добие улогата во филмот A Cambio de Nada што ќе му ја донесе наградата Goya.
Неговите родители никогаш не стапиле во брак
На почетокот Мигел живеел со двајцата родители. Но, тие никогаш не стапиле во брак и иако живееле заедно неколку години, на крајот сепак заклучиле дека треба да се разделат. Мигел останал да живее сам со мајка му.
„Мајка ми беше секогаш со мене, се грижеше за мене и ме бранеше од сè. Секогаш давала сè за својот син. Таа е вистинска МАЈКА. Големите букви се премногу мали за да се опише.
Од друга страна... татко ми никогаш не беше тука. Јас дури и не знам како изгледа физички... Имам само спомен за шлаканица, сок од домати, часовник и овој четирицикл.
Мајко: Ветувам дека ќе се грижам за тебе онака како што заслужуваш, како што се грижеше за мене и како што татко ми никогаш не се грижеше за нас.
Маноло (татко) ако еден ден го видиш ова или ја добиеш оваа порака... Знај дека ниту те мразам, ниту држам лутина... Претпоставувам дека не можеш да мразиш странец...“
Многу е близок со мајка му
Мигел е мошне близок со мајка му. Се чини дека таа е единствената личност што била постојано тука за него низ годините и тој навистина е благодарен за тоа. Токму затоа наградата Goya од 2016-тата година ѝ ја посвети нејзе.
Погледнете повеќе фотографии од Мигел во продолжение:
Прочитајте и „Берлин“ е сингл: Како изгледаат партнерите на актерите од хит-серијата La Casa De Papel во реалниот живот?
Б. С. Б. | Црнобело