Куќна помошничка открива како е да се работи за познатите: „Може да им се случи да немаат пари да ви платат“

На познатите личности може да им се случи да немаат пари да ви платат во моментот. Нивните куќи се големи, треба да внимавате на големиот број скапи предмети. Како е да се работи како куќна помошничка за познатите?

poznata-kukjna-pomoshnichka-otkriva-kako-e-da-se-raboti-za-slavnite-mozhe-da-im-se-sluchi-da-nemaat-pari-da-vi-platat-01.jpg

Анџела Браун од САД е јутуберка која редовно објавува видеа на нејзиниот YouTube канал Ask a housecleaner.

Во едно од нејзините видеа таа открива како е да се работи и да се чисти во куќите на познатите и кои работи треба да ги очекувате.

Таа зад себе има 25-годишно работно искуство како куќна помошничка, а нејзиното искуство воглавно се сведува на работа во куќи на познати спортисти, банкари и директори.

Застрашувачки е да се работи за познатите

Првата работа на која помислувате кога влегувате да работите во куќа на некој од познатите е дека сте многу далеку од нивниот стил на живот и дека сте под нивното ниво.

Во таков случај, мора да бидете свесни дека и тие исто така се луѓе, а дека вие доаѓате како професионалец и треба професионално да си ги завршувате задачите.

Тие се најдобри во тоа што го работат, но вие сте добри во тоа што го работите, па затоа и ве ангажирале.

poznata-kukjna-pomoshnichka-otkriva-kako-e-da-se-raboti-za-slavnite-mozhe-da-im-se-sluchi-da-nemaat-pari-da-vi-platat-05.jpg

Голем број познати имаат проблеми со парите

Како што вели Анџела, воопшто не е чудно и познатите личности да немаат пари да ви платат во моментот. Иако нивното богатство може да тежи милиони или милијарди, сепак тие пари се врзани за инвестиции и честопати може да се случи да немаат пари во кеш за да ви платат, па да побараат да почекате за исплата.

И тие имаат секојдневни обврски

Можеби ви се чини дека познатите личности е доволно само да постојат, сепак и тие имаат секојдневни обврски како и сите обични луѓе.

И кај нив треба да исперат алишта, и кај нив треба да се исчисти тоалетот, да се фрли ѓубрето. Така што за куќните помошнички ова значи дека ги имаат истите работни обврски како и во секоја друга куќа, но тука сè е во многу поголеми размери.

poznata-kukjna-pomoshnichka-otkriva-kako-e-da-se-raboti-za-slavnite-mozhe-da-im-se-sluchi-da-nemaat-pari-da-vi-platat-06.jpg

Треба да работите бавно

Познатите имаат мошне големи куќи и имаат многу повеќе предмети во домот. Куќните помошнички особено треба да внимаваат на вредните предмети.

Освен што имате многу повеќе површини од коишто треба да избришете прашина, треба да внимавате на уметничките дела, на скапите садови или скапите светилки.

Поради тоа, иако од вас се бара да бидете ефикасни, не можете да си дозволите да работите брзо и треба постојано да внимавате.

Мора да бидете доверливи

Каде и да работите важно е да бидете доверливи како личност. Куќните помошнички се сведоци на речиси сè што се случува во домот, но не треба да говорат за тоа во јавност.

Тоа правило важи како за просечните луѓе, така и за познатите личности.

poznata-kukjna-pomoshnichka-otkriva-kako-e-da-se-raboti-za-slavnite-mozhe-da-im-se-sluchi-da-nemaat-pari-da-vi-platat-02.jpg

И тие се разболуваат и имаат тешки денови

Исто како и обичните луѓе и на славните и познатите им се случува да се разболат, да имаат проблеми со изгледот или да имаат тешки денови. Особено ако се земе предвид дека кај нив нивото на стрес во работата е можеби многу поголемо.

Затоа што тие постојано мора да бидат во улога, да ја одржуваат таа персона што ја креираат во јавноста, а за таа цел мора да се придржуваат до стриктно определени правила.

Со други зборови, тоа што имаат пари, не значи дека се бесмртни.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg