Првпат заедно на настан: Џеј Ло со Бен Афлек во Венеција - не се одлепуваат еден од друг (фото)
- Детали
- петок, 10 септември 2021
Џеј Ло во моментов е заедно со Бен Афлек во Венеција каде ќе му даде поддршка на премиерата на најновиот филм The Last duel, за кој тој го напиша сценариото.
Џенифер Лопез (52) и Бен Афлек (49) по луксузниот одмор од ова лето, се вратија пак во Италија, но овој пат службено. Тие во моментов се во Венеција каде присуствуваат на филмскиот фестивал во Венеција.
Џеј Ло на фестивалот ќе присуствува како придружба на нејзиното момче на премиерата на филмот на Ридли Скот, The last duel, во кој Бен се јавува како еден од сценаристите. Имено, зад сценариото на филмот се потпишуваат Бен Афлек и Мет Дејмон.
Бен и Џеј Ло уште еднаш покажаа дека се навистина сериозни во намерата да ѝ дадат втора шанса на врската и на љубовта помеѓу нив и практично не се одлепуваа еден од друг.
Фотографите повторно ги уловија како разменуваат нежности додека се возеа во такси на вода, а забележително е дека и цело време се држат за рака.
Бен беше облечен во црн аутфит, со црна блуза и фармерки, а Џеј Ло овојпат се одлучи за бел фустан од тантела и сребрени модни додатоци.
Иако во изминатиот период имавме можност во повеќе наврати да ги гледаме заедно додека беа на одмор, на вечера со семејствата или на излегување, сепак ова е нивно прво јавно појавување на настан.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело