Камила Кабејо не се грижи за критиките за телото - со танга и мрежести панталони го пречека момчето Шон Мендез (фото)
- Детали
- четврток, 02 септември 2021
Камила Кабејо често се соочува со злобни коментари поради нејзиното тело, но одново и одново покажува како треба да се справуваме со ваквите критики – во секоја пригода, гордо ги покажува облините и стомачето.
Камила Кабејо (24) беше фотографирана на Флорида додека го пречекува нејзиното момче Шон Мендез, а од фотките е очигледно колку се израдувала за средбата.
Младата пејачка носеше танга бикини и мрежести панталони кои ги нагласуваат нејзините облини, а комбинацијата ја дополни со златни обетки. Камила немаше ни грам шминка, а косата ѝ беше собрана во пунџа и покажа дека изгледа одлично дури и во најлежерно издание.
23-годишниот Шон носеше фармерки, бел блузон и патики.
Шон и Камила ја почнаа врската во 2019 година и изгледаат повљубено од кога било. Всушност, фановите извесно време почнаа и да шпекулираат дека можеби се вериле, но пејачката ги замолчи сите гласини.
Гласините се појавија откако Камила објави ТикТок видео на кое наводно носи веренички прстен. За видеото и гласините, пејачката изјави:
„Се колнам дека не ни знам на која рака стои вереничкиот прстен. Па, некогаш си ставам прстени и на прстот за веренички прстен. Всушност, би сакала да ми кажете на која рака стои вереничкиот прстен. Ни мама не знаеше да ми каже“.
Претходно Камила се соочи со многу злобни коментари, откако беше фотографирана со опуштено стомаче. Обично пејачката ги игнорира ваквите критики, но овојпат реши да прозбори, нагласувајќи дека и таа е нормална личност која не си го собира стомакот постојано.
„Ние сме реални жени со облини и целулит и стрии и масни наслаги. И, мора гордо да го носиме тоа!“, изјави пејачката во ТикТок видео.
Прочитајте повеќе: „Ние сме жени со облини и целулит“ – како Камила Кабејо ги замолчи сите кои ја критикуваа за опуштеното стомаче? (видео)
Спирова С. | Црнобело