Новиот холивудски пар: Ченинг Тејтум (41) и Зои Кравиц (32) не се одделуваат еден од друг (фото)
- Детали
- понеделник, 30 август 2021
Зои Кравиц и Ченинг Тејтум неколкупати се забележани низ улиците на Њујорк, а извори блиски до парот тврдат дека се заедно. Тие се запознале на снимање, а ја почнале врската во периодот кога Зои го финализираше разводот со бившиот сопруг. Бившата сопруга на Ченинг, пак, е среќна за неговата нова љубов.
Иако уште ја немаат потврдено врската, по сè изгледа Зои Кравиц и Ченинг Тејтум се новиот атрактивен пар во Холивуд. Изминативе недела-две, парот неколкупати беше забележан низ Њујорк и се чини дека секој слободен миг го минуваат заедно.
Последен пат Зои и Ченинг шетаа низ улиците на Њујорк заедно со нивен пријател. Зои носеше широки кафеави панталони и бела маичка, во комбинација со широка црвена кошула. Познатиот актер, пак, одбрал маица со рок-бендот System of a Down.
41-годишниот Ченинг и 32-годишната Зои се запознале на сетот на Pussy Island – режисерското деби на Зои каде што Ченинг ја има главната улога. Првпат се појавија заедно во јавност кон средината на август, во периодот кога Зои го финализираше разводот со поранешниот сопруг Карл Глусман.
Првите гласини за нивната врска се појавија уште во јануари, но извори блиски до парот тврдат дека тогаш биле само пријатели, а дека дури сега ја почнале врската.
„Зои и Ченинг се заедно. Сè почна како пријателство кое со текот на времето се претвори во нешто повеќе“, вели изворот на Entertainment Tonight.
Претходно, Зои беше во брак со Карл Глусман – се венчаа во јуни 2019 година, а Зои поднесе барање за развод во јануари годинава.
Ченинг Тејтум 10 години беше во брак со Џена Деван, а го финализираа разводот во ноември 2019 година. Заедно тие имаат и 8-годишна ќерка. Наводно, актерите се во одличен однос, а Џена дури и знаела за новата љубов на Ченинг.
Според извори блиски до актерката, нејзе воопшто не ѝ грижа со кого се гледа Ченинг, бидејќи секогаш му го мисли најдоброто.
„Џена не се меша во љубовниот живот на Ченинг. Таа го сака најдоброто за него и се надева дека е здрав и среќен“.
Зои и Ченинг очигледно уживаат во новата романса и голем дел од времето минуваат заедно. Претходно тие беа забележани заедно на шопинг, но и како се возат на ист велосипед низ Њујорк.
Фановите, пак, веднаш направиле „истражување“ и откриле дека Ченинг следи неколку Инстаграм профили посветени на Зои.
Спирова С. | Црнобело