Некогашната секс бомба Мег Рајан (59) во сосема природно издание и со неуредна коса на кафе со другарка
- Детали
- петок, 27 август 2021
Последниот филм го сними во 2015-тата година. Како изгледа денес Мег Рајан, ѕвездата што глумеше во голем број романтични комедии како Sleeples in Seatle и Kate & Leopold.
Мег Рајан (59) деновиве беше забележана додека беше излезена на кафе во Лос Анџелес. Во опуштено издание, со долго црно здолниште и црна маица и видно несредена фризура, актерката се сретна со пријателка на кафе.
Мег исто така беше забележана и пред неколку недели на плажа во Малибу во опуштено издание со кратки карирани пантолони, бела маичка и сламен шешир.
Таа за последен пат на филмското платно се појави во 2015-тата година во филмот Ithaca, што воедно беше и нејзиниот прв филм што таа самата го режираше. Кај публиката ќе остане и запаметена по улогата во филмот When Harry met Sally:
Кариерата ја започна со улогата во Top Gun каде глумеше со Том Круз и Вал Килмер, а во 2018-тата изјави дека одлучила во целост да се откаже од филмската кариера затоа што повеќе не се пронаоѓала себеси во таа професија.
Погледнете повеќе папарацо фотографии од Мег Рајан во опуштено издание:
Б. С. Б. | Црнобело