Како е да се работи за Том Круз? Поранешни вработени откриваат колку тежок карактер има актерот

Куќата треба да е беспрекорно чиста, но слугите треба да се невидливи. Дадилките потпишуваат договор за доверливост, за тој да се фали дека сам ги одгледува децата. Како изгледа да работите за Том Круз?

kako-e-da-se-raboti-za-tom-kruz-dodeka-chistish-treba-da-si-nevidliv-ne-smeesh-da-govorish-shto-gledash-01.jpg

Том Круз (59) важи за еден од најпознатите холивудски актери. Тој е еден од најконтроверзните личности токму поради посветеноста кон скиентолошката црква, несекојдневниот однос со неговите деца и скандалите што го следеа со поранешните партнерки.

Неговата кариера е една од највпечатливите во Холивуд. За него се знае дека сам ги изведува каскадерските движења во филмовите, бил номиниран за Оскар, но без разлика дали ќе се појави во одредено ток шоу, или пак ќе настапи за неговата црква, него секогаш го следат низа контроверзии.

View this post on Instagram

A post shared by Tom Cruise (@tomcruise)

Што велат за него луѓето што имале можност да соработуваат со него одблиску и да го запознаат?

Работењето за него отвора големи врати

Кога работите за било кој голем актер пред вас се отвараат голем број можности, па дури и ако глумењето не е вашата основна професија. Шон Рингголд со години работел како бодигард за Том Круз, а потоа и за Џастин Бибер.

Неговата телесна градба не останала незабележана во Холивуд, па така пред него се отвориле можности за работа на повеќе филмски и телевизиски проекти. Тој се појавил во сериите Billions, Luke Cage, Orange is the New Black, The Family Business, и Law and Order.

kako-e-da-se-raboti-za-tom-kruz-dodeka-chistish-treba-da-si-nevidliv-ne-smeesh-da-govorish-shto-gledash-02.jpg

Го мрази Џон Траволта

Ова признание само докажува во колкава мера тој им верувал на некои од своите вработени. Уште еден негов бодигард е Брендан Тиге, кој отворено говорел за медиумите за конфликтите помеѓу Том Круз и Џон Траволта.

Тиге работел како обезбедување за црквата, но и ги обезбедувал и становите и на двајцата актери, а вели дека нетрпеливоста помеѓу двајцата славни актери е поради наводната љубомора што Траволта ја чувствувал кон високото рангирање на Круз во скиентолошката црква.

Наводно, Траволта бил мошне љубоморен кога видел дека Круз ја добил највисоката почест на скиентолошката црква наречена Freedom Medal of Valor, затоа што сметал дека тој орден треба да му припадне нему. Конфликтот станал толку голем што Круз не го поканил Траволта на свадбата со Кејти Холмс.

kako-e-da-se-raboti-za-tom-kruz-dodeka-chistish-treba-da-si-nevidliv-ne-smeesh-da-govorish-shto-gledash-03.jpg

За она што го гледаш не смееш да говориш

Сузан Хенсен работела како дадилка за децата на Круз, додека тој сè уште бил во брак со Никол Кидман. Хенсен за сопствените искуства говорела во сопствените мемоари насловени You'll Never Nanny In This Town Again (Никогаш нема да бидеш дадилка во овој град повторно). Наводно овие зборови ги кажал Том Круз кога дознал дека таа почнала наоколу да говори за семејните тајни.

Помеѓу тие тајни, таа откри дека Круз пишувал строги насоки за доверливост во рамки на договорите за вработување и барал сите дадилки да ги потпишат истите пред да почнат да се грижат за неговите деца.

kako-e-da-se-raboti-za-tom-kruz-dodeka-chistish-treba-da-si-nevidliv-ne-smeesh-da-govorish-shto-gledash-04.jpg

Знае и да си „подлажнува“

Според пишувањата на Хенсен во истите мемоари, една од главните причини за тоа што сите дадилки на Круз требало да потпишат договори за доверливост, било и тоа што тој сакал јавно даа говори дека за нивните деца тој и Кидман се грижат сами без никаква дополнителна помош.

„Така, ако Круз излезеше пред камера и кажеше дека никој не му помага во одгледувањето на децата, ние дадилките не можевме да сториме ништо“ – напиша таа.

Тука, од друга страна, се поставува прашањето: „Ако лажел за дадилките, за што друго излажал?“

kako-e-da-se-raboti-za-tom-kruz-dodeka-chistish-treba-da-si-nevidliv-ne-smeesh-da-govorish-shto-gledash-05.jpg

Повеќе факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Скромната ќерка на Том Круз наполни 18 години - конечно сама ќе реши дали ќе го види татко ѝ по 12 г... Сури Круз цел свој живот живее во сенката на славните родители, нивниот јавен ра...
За 2 месеца ќе одлучи дали сака да го гледа татко ѝ – Сури Круз со мајка ѝ низ Њујорк, а Том Круз во... Два месеца пред да стане полнолетна, Сури Круз опуштено се шета со мајка ѝ низ Њ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg