Ванеса Брајант со емотивна порака по повод роденденот на Коби: „Ќе те сакам засекогаш – љубовта е вечна“
- Детали
- вторник, 24 август 2021
Ванеса Брајант и ќерките на социјалните мрежи објавија постови со кои му го честитаа 43-иот роденден на нивниот сопруг и татко, Коби Брајант.
По повод 43-иот роденден (23. 08.) на прерано починатиот НБА кошаркар Коби Брајант, неговата сопруга Ванеса и најстарата ќерка Наталија, објавија фотографии на Инстаграм, со кои го одбележаа овој ден.
„Среќен роденден Папи. Те сакам засекогаш. Љубовта е вечна“ – напиша Ванеса (39) на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/CS7S8FvJ2P3/?utm_source=ig_web_copy_link
Нивната најстара ќерка Наталија годинава ги започна студиите на University of Southern California, а оттаму и таа објави фотографија со која го одбележа роденденот на нејзиниот татко.
„Среќен роденден тато“ – напиша таа до фотографијата што ја објави на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/CS7OEktBsL5/?utm_source=ig_web_copy_link
Легендарниот НБА кошаркар почина прерано на само 41 година во трагична хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Заедно со Коби, во несреќата загина и нивната 13-годишна ќерка Џиана.
Ванеса и Коби, кои стапија во брак во април 2001-вата година заедно имаат уште три ќерки, Наталија (18), Бјанка (4) и Капри (2).
Инаку, во текот на ова лето Ванеса со ќерките беше во посета на Хрватска, каде го посетија King's Landing фиктивниот град од Game of Thrones. По ова, семејството во Брајант се врати во САД, а Наталија ги започна студиите на University of Southern California, за што Ванеса објави уште еден пост на Инстаграм во кој напиша:
„Денес беше тешко. (Ова беше пред солзите да почнат да паѓаат). Недостигаш... засекогаш. Те сакам Наталија – биди храбра и бори се“
https://www.instagram.com/p/CSvi_chLcbr/?utm_source=ig_web_copy_link
Прочитајте и Ванеса Брајант со ќерките во Дубровник: „Ја исполнив желбата на Коби, Наталија да оди во Хрватска“
Б. С. Б. | Црнобело