Потекнува од Хрватска, речиси е непроменета – се сеќавате ли на „злобницата“ од мексиканската теленовела?
- Детали
- недела, 05 септември 2021
Денес има 47 години, а времето како да застанало за неа – како изгледа денес познатата „злобница“ Габриела Спаниќ, која има хрватско-венецуелско потекло?
Генерациите кои минуваа многу време пред ТВ екраните гледајќи ги мексиканските теленовели кои беа хит во 90-ите и 2000-ите години, сигурно се сеќаваат на популарната злобничка.
Во 1998-ма година излезе теленовелата „Злобница“, каде главната улога ја имаше Габриела Спаниќ, а толкуваше две улоги на Паола и Паулина, кои многу наликуваат една на друга – едната злобна, а другата скромна и сиромашна.
Габриела низ годините има играно во повеќе латиноамерикански серии, а има добиено бројни награди за улогите.
Во 2010-та таа беше среде скандал, кога ја обвини асистентката дека намерно се обидела да ја отруе.
Инаку, актерката има потекло од Хрватска, преку нејзиниот татко, кој заедно со неговите родители од поранешна Југославија мигрирал во Венецуела.
Денес Габриела има 47 години, а изгледа речиси исто како и пред 23 години кога ја гледавме во популарната ТВ серија.
Денес таа изгледа вака:
М. М. | Црнобело