Анџелина Џоли е Инстаграм кралица – за 1 час собра 1,7 милиони следбеници и го сруши рекордот на Џенифер Анистон
- Детали
- понеделник, 23 август 2021
Анџелина Џоли целата кариера се држи настрана од социјалните мрежи, но сега актерката одлучи да си направи Инстаграм профил на кој собра 1,7 милион следбеници за само еден час, со тоа срушувајќи го претходниот рекорд на Џенифер Анистон.
На големо радување на фановите, Анџелина Џоли си направи Инстаграм профил, а за само еден час собра 1,7 милиони следбеници.
Со ова, Џоли го сруши рекордот за профил кој најбрзо собрал милион следбеници. Претходно рекордерка беше Џенифер Анистон, чиј профил собра 1 милион следбеници за пет часа, во 2019 година.
Наводно, бројот на следбеници на Џоли се дуплирал за три часа, а моментално профилот го следат над 7,5 милиони корисници.
За своето деби на Инстаграм, актерката сподели писмо од девојче од Авганистан, со цел да ја зголеми свеста за тамошната ситуација. Во писмото, девојчето зборува за стравот и неизвесноста што ги чувствува поради настаните во Авганистан.
„Ова е писмо што го добив од тинејџерка од Авганистан. Моментално, луѓето во Авганистан ја губат можноста да комуницираат на социјалните мрежи и слободно да го кажуваат своето мислење. Па, јас дојдов на Инстаграм за да ги споделам нивните приказни и гласовите на луѓето ширум светот кои се борат за нивните основни човечки права“, стои во описот на објавата.
Актерката ја искористи платформата за да ги замоли и другите да им помогнат на помалку среќните.
„Како другите коишто се посветени, ни јас нема да го свртам грбот. Ќе продолжам да барам начини да помогнам. И, се надевам дека ќе ми се придружите“, завршува описот на објавата.
Потоа актерката сподели уште една објава за луѓе кои биле присилени да ги напуштат своите земји поради конфликти, повторно замолувајќи ги следбениците да ја поддржат нејзината иницијатива и да им помогнат во борбата за нивните права.
Првата објава на Џоли има над 3 милион лајкови, а втората повеќе од 1,6 милиони.
Како што напоменавме, претходно Џенифер Анистон го држеше рекорд за профил кој собрал милион следбеници за најкраток период. Актерката го направи профилот во 2019-та, а првата објава што ја сподели беше групна фотка од екипата на Friends. Досега оваа објава има неверојатни 16,5 милиони лајкови.
Во меѓувреме, Џоли уште се бори за старателството над децата со Бред Пит, а според извори блиски до актерките, битката е далеку од завршена.
И Џоли и Пит имаат најмено одлични адвокати и досега имаат потрошено можеби милиони долари за ова. Наводно, ниту еден од нив не планира да се откаже, а кога ќе се земе предвид дека засега и двајцата имаат доволно средства за да плаќаат адвокати, борбата за старателството може да потрае уште многу години.
Анџелина и Бред ја почнаа врската во 2005 година, се венчаа во 2014-та, а се разделија две години подоцна. Претходно, Бред Пит беше во брак со Џенифер Анистон, а причина за нивната разделба беше токму Џоли.
Спирова С. | Црнобело