„Си ја научив лекцијата“ - Алекс Родригез првпат проговори за раскинувањето со Џеј Ло
- Детали
- четврток, 19 август 2021
„Многу сме благодарни за изминатите пет години, но научивме и добри лекции“ - Алекс Родригез за првпат јавно проговори за раскинувањето со Џенифер Лопез и за нејзината инстант врска со бившиот свршеник Бен Афлек.
Поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез гостуваше во Entertainment Tonight и меѓу другото за првпат јавно проговори и за тоа што мисли за раскинувањето на свршувачката со Џенифер Лопез и за нејзиното брзо помирување со Бен Афлек.
Доколку некој очекуваше погрдни зборови и скандали, во говорот на Алекс тоа го немаше, туку поранешниот бејзбол играч само рече дека е „благодарен“ за лекциите што ги научил за време на нивната врска.
„Поминав пет години во прекрасен живот и партнерство, и јас и моите ќерки научивме многу. Сега ја имаме можноста да продолжиме понатаму и да кажеме: ’Многу сме благодарни за изминатите пет години, но научивме и добри лекции и што можеме да направиме следните пет години да бидат уште подобри’“ – изјави тој во гостувањето во Entertainment Tonight.
Запрашан за тоа што мисли за брзото помирување на Џенифер со Бен и нивната мошне јавна врска што се провлекува низ медиумите веднаш по објавата за раскинувањето со Алекс, тој умешно го избегна одговорот и рече:
„Многу сум благодарен за тоа каде Бог и светлоста ме ставија и навистина се радувам на иднината. Најмногу на тоа да видам како моите девојчиња ќе се развиваат“ – додава тој.
Иако Алекс нема лоши зборови за Џеј Ло и вели дека си ја научил лекцијата, тоа не значи дека таа сака да ги зачува спомените од изминатите пет години со него.
Обожавателите забележаа дека во текот на изминатиот викенд таа ги избриша сите фотографии со него на социјалните мрежи.
Прочитајте и - И Алекс Родригез отиде на одмор каде што е Џеј Ло со Бен Афлек - со луксузна јахта и згодна девојка (фото)
Б. С. Б. | Црнобело