И Алекс Родригез отиде на одмор каде што е Џеј Ло со Бен Афлек - со луксузна јахта и згодна девојка (фото)
- Детали
- вторник, 27 јули 2021
„Кога бившиот ќе ти дојде на одмор таму каде што си летуваш со новиот дечко...“ - Џеј Ло деновиве се соочува со ваква ситуација.
Алекс Родригез и Џенифер Лопез ставија крај на 4-годишната врска во април 2021, пред таа да се смири со поранешната љубов Бен Афлек.
Периодов Џеј Ло ужива со Бен на луксузна јахта од 130 милиони долари во Сен Тропе, каде го прослави својот 52-ри роденден.
Интересно е што и Алекс Родригез одлучи да одмора на истото место со луксузна јахта од 32 милиони долари.
Тој е во придружба со прекрасната 35-годишна русокоса Мелани Колинс, која е позната спортска репортерка, но, иако многумина ги поврзуваат, наводно не станува збор за љубовна врска, туку само за пријателски однос.
Според пишувањата на американските медиуми Џеј Ло и Алекс за малку ќе се сретнеле во еден ресторан во Сен Тропе, но поп дивата ја откажала резервацијата откако дознала дека и тој ќе оди во истиот ресторан, на истиот ден како и таа.
Изгледа дека поранешните партнери како да се натпреваруваат кој живее подобро по разделбата.
Фотки од Алекс Родригез во Сен Тропе:
С. С. | Црнобело