Стана милијардерка, но Ријана уште си пазари сама – телохранителка ѝ ја носи чантата (фото)
- Детали
- вторник, 17 август 2021
Иако неодамна беше прогласена за милијардерка, Ријана продолжува да си живее нормален живот и сама оди во продавница, но во придружба на телохранители кои очигледно мора да ѝ ја носат чантата...
Кога реши да направи пауза од музиката и да се фокусира на нејзиниот моден бренд, Ријана дефинитивно ја направи вистинската одлука – Fenty Beauty ја направи милијардерка.
Но, ѕвездата продолжува да си се однесува како и секој „обичен“ човек, па сама оди и во маркет. Единстено друштво ѝ прави нејзиното обезбедување.
Неодамна Ријана беше забележана во ланецот продавници Whole Foods со количка полна храна. А, дури и кога оди во продавница, Ријана се појавува во впечатливо издание.
За пазарењето, пејачката одбрала фармерки и сако, во комбинација со златен колан и неколку бисерни и златни ѓердани. Комбинацијата ја дополнила со бели патики, како и чанта што ја држеше жена од нејзиното обезбедување.
Иако Ријана го посети маркетот навечер, веројатно сакала да се скрие од папараците, па носеше темни очила за сонце и зелено бејзбол капче.
Според Forbes, моментално Ријана вреди околу 1,7 милијарди долари. Поголемиот дел од богатството, околу 1,4 милијарди долари, е од брендот Fenty Beauty бидејќи пејачката поседува 50% од акциите.
Останатите пари се од брендот за долна облека Savage x Fenty, но и нејзината музичка кариера. Наводно, до 2018-та година брендот за убавина заработувал и до 550 милиони годишно – сума што ја надминува заработката на брендовите на Кајли Џенер и Ким Кардашијан.
Спирова С. | Црнобело