Грајмс шета низ Берлин со бизарен аутфит, додека момчето Илон Маск работи + најбизарните модни изданија на пејачката (фото)
- Детали
- петок, 13 август 2021
Девојката на Илон Маск, Грајмс, дефинитивно го има најчудниот моден стил, а тоа го покажа и со комбинацијата што ја одбрала за прошетката низ Берлин, додека нејзиното момче беше во посета на неговата фабрика Tesla.
Деновиве 33-годишната Грајмс е во Берлин, Германија, каде што нејзиното момче – милијардерот Илон Маск – има работни обврски. Додека Илон беше зафатен, Грајмс ја искористи можноста да прошета низ градот и, како и секогаш, одбрала необична комбинација.
Грајмс е позната по специфичниот моден стил на кој му останува верна дури и кога не настапува или снима.
За прошетката низ Берлин, пејачката одбрала виолетови широки панталони со принтови, црна маичка со огромен принт, како и огромна бела бунда. Комбинацијата ја дополнила со бели патики, портокалов колан и накит, а розовата коса ѝ беше собрана со марама.
Грајмс дефинитивно е една од понеобичните личности од светот на музиката, а тоа го докажа и со името на нејзиното одете. Минатата година, таа и Илон го добија првото заедничко дете и го крстија X Æ A-Xii. Она што е најинтересно е тоа што никој не знае како се чита неговото име.
Грајмс, чие вистинско име е Клер Бушер, го негува специфичниот стил уште од почетокот на кариерата. На сите доделувања на награди и други важни настанати пејачката привлекува многу внимание со чудниот избор на облека и способноста да направи комбинација од парчиња кои другите не би ни помислиле да ги спојат.
Во продолжение некои од највпечатливите изданија на Грајмс од почетокот на нејзината кариера, па до денес:
Спирова С. | Црнобело