Таткото на Ники Минаж ја запалил куќата додека таа и мајка ѝ биле внатре - Драматични факти од животот на славните дами
- Детали
- сабота, 28 август 2021
Холивуд можеби е зоната на гламурот, но тоа не значи дека ѕвездите се имуни или поштедени од проблемите на „обичните“ луѓе.
Велат дека не постои бизнис како шоу-бизнисот, но покрај парите и славата, тој со себе носи и мрачна, непријатна страна која сите се обидуваат да ја скријат по секоја цена.
Впрочем, какви тајни открија славните за својот личен живот?
Лошата романса на Хали Бери
Во 1991 година, Хали Бери била физички злоупотребувана од страна на нејзиното момче, што придонело до губење на 80% од слухот во нејзиното лево уво. Бери никогаш не го откри идентитетот на момчето, но истакна дека тој е прилично етаблиран во Холивуд, а инцидентот се случил додека го снимала филмот The Last Boy Scout.
Во тој временски период со Хали Бери излегуваа актерите Весли Снајпс и Кристофер Вилијамс.
Трагичниот живот на Дру Баримор
Откако се прослави уште како дете со улогата во E.T., Баримор уште од млада возраст почнала да консумира алкохол и дрога. На 13-годишна возраст се обидела да си го одземе животот. По оваа случка, мајка ѝ ја пријавила во институција за душевно болни каде што Дру поминала година и половина.
Таа призна дека никој не ѝ кажал дека ќе оди таму, што било ужасно и вознемирувачко искуство. По овој настан, Дру легално се откажа од мајка си и се здоби со независност на само 14 години.
Мрачното детство на Опра
Нејзината мајка била самохрана тинејџерка. Опра била толку сиромашна што носела фустанчиња изработени буквално од вреќа за компири. Таа забременила на само 14-годишна возраст и предвреме родила момче коешто набрзо по раѓањето починало.
Ова, за жал, не е најтрагичниот настан во животот на популарната водителка. Во една епизода во 1986 година во нејзиното шоу, таа откри дека била сексуално злоупотребувана од страна на нејзиниот братучед, чичкото и близок пријател на фамилијата, а сето ова започнало кога таа имала само 9 години.
Траумите на Џесика Симпсон
Кога пејачката имала само 6 години, била сексуално вознемирувана од страна на ќерката на нивни семејни пријатели. Во нејзините мемоари „Отворена книга“, Симпсон зборува и за токсичната врска со Џон Мајер.
Во врска со првиот непријатен инцидент, таа со години ја потиснувала траумата и одбивала да се соочи со настанот. Ова придонело таа да се сврти кон алкохолот и таблетите за слабеење.
Несреќното детство на Ники Минаж
Уште додека била мала, Ники била сведок на секојдневното насилство помеѓу нејзините родители. Таа има изјавено дека гледала како нејзиниот татко секојдневно физички ја малтретира мајка ѝ.
Еден ден, татко ѝ ја запалил куќата додека таа и нејзината мајка биле сè уште внатре. За среќа, двете успеале да избегаат без посериозни последици, а на големо изненадување, денес односот со нејзиниот татко ѝ е прилично добар.