Ким Кардашијан со бизарна комбинација на промоција на албумот на Канје додека тој пее за нивниот развод и ја бара назад
- Детали
- понеделник, 09 август 2021
Ким Кардашијан присуствуваше на промоцијата на новиот албум на нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест со црна облека и црна маска на лицето, додека раперот пееше за нивниот развод, барајќи Ким да му се врати и тврдејќи дека таа уште е вљубена во него.
Канје Вест организираше промоција за неговиот нов албум Donda, во кој има и песна посветена на Ким, а на настанот присуствуваше и таа со необична комбинација.
На промоцијата која се одржа на стадион на Mercedes-Benz, Канје Вест пееше песни од неговиот нов албум, вклучувајќи ја и онаа посветена на Ким Кардашијан и нивниот развод. Ким беше присутна за целиот настан, па дури сподели и видеа и фотки во знак на поддршка на поранешниот сопруг.
Она што привлече уште повеќе внимание беше бизарната комбинација на Ким. 40-годишната ријалити ѕвезда беше облечена во црно од глава до пети, а целата глава ѝ беше покриена со црна маска.
Со Ким беа и Норт и Чикаго – две од децата што ги доби со Канје.
За време на настапот на промоцијата, и Канје беше облечен речиси идентично како Ким, па токму тоа, заедно со стиховите што ги отпеа Канје, ја натераа јавноста да се запраша што точно се случува помеѓу познатиот пар.
Во една од песните, „Love Unconditionally“, Канје неколкупати го повторува стихот „I’m losing my family“ (го губам моето семејство), и неколку стихови како „Daddy how could you leave?“ (тато, како можеше да си заминеш).
Во песната има и неколку стихови кои се смета дека се однесуваат на Ким, како „Come love me“ (дојди сакај ме) и „Come back tonight“ (врати се вечерва).
Канје поочигледно ѝ се обраќа на Ким во друга песна, каде што вели „Time and space is a luxury but you came here to shot that you’re still in love with me“ (Времето и просторот се луксуз, но ти дојде овде за да покажеш дека уште си заљубена во мене). Истовремено, во песната Канје го нарекува бракот со Ким „соработка, подобра од онаа со Taco Bell и KFC“.
Додека Ким слушаше во публиката, Канје пееше и дека се чувствувал како Ким да не е среќна за неговата моментална состојба.
Инаку, додека работеше на албумот, Канје буквално живееше во стадионот каде што се одржа промоцијата, а сподели и фотка од неговата мошне скромна соба. Освен кревет, мал гардеробер и телевизор, собата е потполно празна. Албумот Donda, пак, е крстен по мајката на Канје, која почина во 2007 година по компликации од пластична операција.
https://www.instagram.com/p/CR2iSqsI8zx/
Ким и Канје се разделија во февруари годинава, по седум години брак. Неколку месеци пред разделбата, гласините за пропаднатиот брак не стивнуваа, но познатиот пар не споделуваше ништо поради ријалити шоуто на Кардашијанс – во последната сезона имаше епизода посветена на разводот.
Според изворите и она што го видовме на ријалити шоуто, Ким ја донела одлуката за разводот бидејќи речиси и да немале заеднички нешта со Канје и таа постојано се чувствувала осамено.
Парот има четири биолошки деца – Норт, Сент, Чикаго и Псалм.
Спирова С. | Црнобело