Хајди Клум (48) позира топлес, а сопругот Том (31) не ги трга рацете од нејзиното тело (фото)
- Детали
- петок, 30 јули 2021
Страсни бакнежи, интимни допири, топлес фотографии - иако на јахтата се присутни и четирите деца на манекенката, Хајди Клум и Том Каулиц и по две години брак сè уште се лудо вљубени еден во друг и јавно го покажуваат тоа.
Хајди Клум (48) и нејзиниот сопруг Том Каулиц (31) деновиве се на одмор, а заедно со нив се и четирите деца на манекенката – ќерките Лени (17) и Лу (11), како и синовите Хенри (15) и Јохан (14).
Тие објавуваат фотографии на социјалните мрежи, а беа фатени и од фотографи додека уживаа на јахта во Корзика.
Хајди објави топлес фотка на Инстаграм до која напиша:
„Ти ми ја предизвикуваш најголемата насмевка на моето лице, Том“
Хајди го покажа згодното тело во бикини во боја на лаванда, а забележително е дека и покрај тоа што на бродот беа присутни четирите деца на манекенката и ѕвезда на серијалот „Проект Писта“, парот воопшто не криеше колку се вљубени еден во друг.
Прегратки, страсни бакнежи, а во повеќе наврати Каулиц беше „уловен“ како ја допира Хајди за задникот.
Инаку, Хајди и Том се во брак од 2019-тата година. Таа претходно десет години беше во брак со пејачот Сил, а пред Сил, беше во брак со фризерот Рик Палпино со кого се разведе во 2002-та година.
Повеќе фотки од одморот на Хајди и Том:
Б. С. Б. | Црнобело