Пенелопе Круз со апостолки, Хавиер Бардем со истуткана маица во Ватикан – нетипичен холивудски пар (фото)
- Детали
- четврток, 29 јули 2021
По посетата на Сардинија, парот ја продолжува турата низ Италија. И во Ватикан се фотографирани во сосема природно издание – со лежерен стајлинг и како се бакнуваат.
Пенелопе Круз (47) и Хавиер Бардем (52) беа на одмор на италијанскиот остров Сардинија со двете деца, а сега турата низ Италија ја продолжуваат во Ватикан.
Парот беше фотографиран пред еден музеј во сосема опуштено издание. Пенелопе со апостолки на нозете, а Хавиер со истуткана маица.
Парот е во брак 11 години, а на папарацо фотките изгледаат сосема природно и опуштено. Тие не се водат од холивудските стандарди дека мора да изгледаат совршено средено во секој миг, едноставно уживаат во лежерниот стил на живот.
Прочитајте и Пенелопе Круз и Хавиер Бардем како сосема „обични“ луѓе на Сардинија (фото)
Фотки од Пенелопе и Хавиер во Ватикан:
С. С. | Црнобело