Пенелопе Круз и Хавиер Бардем како сосема „обични“ луѓе на Сардинија (фото)
- Детали
- четврток, 08 јули 2021
Тие се еден од омилените холивудски парови, зрачат со некоја посебна магија, но кога се на страна од рефлекторите се само обични семејни луѓе кои не се заморуваат со тоа да изгледаат секогаш совршено.
Пенелопе Круз (47) ужива на плажа на италијанскиот остров Сардинија со сопругот Хавиер Бардем и двете деца. Едното е на 10, а другото на 7-годишна возраст.
Шпанската актерка се одлучи за сино монокини со патент, а пак Хавиер за црни шорцеви.
Парот изгледа сосема опуштено, седи на земја, се забавува со своите деца, далеку од стегнатоста и совршенството на Холивуд.
Хавиер очигледно ужива во улогата на татко затоа што секој слободен миг го користи за игра со децата.
Парот е во брак од 2010 година, а во едно неодамнешно интервју Пенелопе откри дека многу се трудат кариерите да не им пречат на семејниот живот.
„Не сме опседнати со работата, се обидуваме да ја оставиме пред вратата од нашиот дом“, изјави Пенелопе.
Фотки од парот:
С. С. | Црнобело