20 години е во среќен брак, уште е во топ форма - Како изгледа денес атрактивната Соња Реј од Млади Бунтовници?
- Детали
- понеделник, 02 август 2021
Ја помниме по улогата на Соња Реј во аргентинската ТВ Серија „Млади бунтовници“, а како изгледа Кетрин Фулоп денес? Речиси исто толку добро како пред 20 години, иако има 56.
Поминаа речиси 19 години од снимањето на познатата ТВ серија што ги освои срцата на младите на нашите простори. Кетрин Фулоп денес има 56 години, таа е мајка на две ќерки и е во среќен брак со Освалдо Сабатини повеќе од 20 години.
Нејзиниот сопруг е познат аргентински бизнисмен и брат на светски познатата тенисерка Габриела Сабатини. Тие во моментов живеат во Буенос Аирес, Аргентина.
И по 20 години брак, тие сè уште се вљубени и на голем дел од фотографиите се бакнуваат и разменуваат нежности.
Нејзините ќерки Оријана и Тицијана се исто така познати актерки и пејачки.
Во едно интервју Кетрин говореше за нејзиниот однос со ќерките и за тоа дали Ориана доаѓа да разговараат со неа кога имаат проблеми.
„Не таа не разговара со мене. Знаете со кого разговара? Со татко ѝ. Навистина е неблагодарна. Имаме мошне цврста врска. Тие беа мои ќерки кога беа мали и сега откако пораснаа тие се ќерки на тато“ – вели таа.
Нејзината ќерка Оријана е девојка на познатиот аргентински фудбалер Пауло Дибала и заедно живеат во Торино.
Инаку, Кетрин, по потекло е од Венецуела, а со години се бореше да добие аргентинско државјанство. Таа официјално стана аргентинска државјанка во април годинава.
Пораснала во семејство со пет деца. Мајка ѝ по потекло е од Венецуела, а татко ѝ е од Унгарија и побегнал во Аргентина за време на Втората светска војна.
Погледнете како изгледа денес:
Б. С. Б. | Црнобело