Беше најпластичниот маж на светот, а сега е жива Барби - направи и операција на желудникот во Турција
- Детали
- вторник, 20 јули 2021
Сакаше да биде Кен, па потоа одлучи да стане Барби... Во зелен фустан со превисок шлиц, Џесика Алвес беше фотографирана на лондонските улици, еден месец откако направи операција на желудникот во Анталија.
Џесика Алвес, која некогаш беше најпластичниот маж на светот Родриго Алвес, но се одлучи за промена на полот и стана жива „Барби“, беше фотографирана деновиве во Лондон во долг зелен фустан со висок шлиц.
37-годишната Џесика симна доста килограми во последно време, откако минатиот месец си направи операција на желудникот во Турција, специјално за да ослабе.
Со долга руса коса и истакнати облини таа порачува: „Самодовербата е сè. Самодовербата е таа што прави овој едноставен зелен фустан да изгледа добро.“
Таа на својот Инстаграм профил има 1.2 милиони следбеници со кои постојано споделува фотографии од себе.
Нови фотки од Џесика Алвес:
https://www.instagram.com/p/CRYp7RRFe-x/
https://www.instagram.com/p/CQq_nM9L6Wy/
С. С. | Црнобело