Афера со дечкото на мајка ѝ, потпишување со крв – најбурните и најбизарните љубовни врски на Анџелина Џоли
- Детали
- недела, 18 јули 2021
На 16-годишна возраст имала афера со момчето на мајка ѝ, а со Били Боб Торнтон носеа шишенца полни со нивна крв околу вратот – љубовниот живот на Џоли е навистина бурен и бизарен.
Џоли била бунтовник уште во детството, пораснала во нефункционално семејство и добро познат факт е дека во младоста експериментирала со разни наркотици.
Дури и во љубовниот живот на актерката не недостасуваат контроверзии и се чини дека секоја нејзина врска е почудна и побизарна од претходна.
Погледнете кои се најбурните и најбизарните врски на Анџелина Џоли:
Момчето на нејзината мајка
На 16-годишна возраст Анџелина имала афера со тогашното момче на нејзината мајка. Наводно, мајка ѝ Маршелин била лудо вљубена во овој маж, па дури и живееле заедно кога се случила аферата. Штом Маршелин дознала, веднаш му раскинала, а бизарната ситуација го заладила односот помеѓу неа и Џоли.
На почетокот на 90-тите Анџелина и мајка ѝ ги оставија проблемите зад нив и го подобрија односот, но во 2007 година Маршелин почина од рак.
Џони Ли Милер
Изминатиов период Џоли неколкупати беше забележана како излегува од домот на Џони Ли Милер, со кого беше во брак во 90-тите и ова ги разгоре гласините дека можеби повторно се заедно.
Џоли и Милер се запознаа на сетот на Hackers и набрзо потоа почнаа врска. Стапија во брак во 1996-та година, и тоа потпишувајќи се со крв. Според Џоли, потписот со крв имал многу поголемо значење отколку „обичен“ потпис на хартија.
Три години подоцна тие се разделија, но останаа во добар однос.
Били Боб Торнтон
Во свое време, Анџелина и Били беа најчудниот холивудски пар. Актерот е 20 години постар од Анџелина, но возрасната разлика не претставуваше никаков проблем за нив, па во 2000 година стапија во брак.
И во овој брак Анџелина вклучи „ритуал“ со крв – и таа и Били носеа ланчиња со шишенца полни со нивната крв. Актерката дури и си го истетовира името на оскаровецот на левата рака, но и овој брак траеше само три години.
По разводот Анџелина ја покри тетоважата со нова - координатите на местото на раѓање на нејзините деца, но наводно уште го чувала ланчето со крвта на Били.
Џени Шимизу
Џоли неколкупати има изјавено дека е бисексуалец, па во минатото имаше афера и со жена. Пред да стапи во брак со Џони Ли Милер, Анџелина имаше афера со актерката и модел Џими Шимизу. А, веројатно не станувало збор само за авантура – Џоли била лудо вљубена во неа.
Во периодот кога беше во брак со Џони, Анџелина изјави:
„Веројатно би се венчала со Џими ако не стапев во брак со сопругот. Се вљубив во неа уште првиот пат кога ја видов“.
Според некои гласини, Џоли продолжила да се гледа со Џени дури и додека била во брак со Милер.
Бред Пит
Дефинитивно, најпознатата врска на Џоли е онаа со Бред Пит. Актерите се запознаа на сетот на Mrs. & Mrs. Smith, во периодот кога Бред беше во брак со Џенифер Анистон.
Во јавноста веднаш се појавија гласини дека Бред ја изневерува Џенифер со неговата колешка. Иако и двајцата ги негираа, не помина долго пред Бред да се разведе од Џенифер и да почне врска со Џоли.
Тие основаа големо семејство, стапија во брак во 2014-та, но само две години подоцна почна нивниот бурен развод. Најпрво како причина беа наведени нивните разлики во врска со воспитувањето на децата, но со текот на времето почнаа да се појавуваат други обвиненија – Бред Пит имал проблеми со алкохолот и бил насилен.
Џоли се бореше за целосно старателство над нивните деца, па дури сакаше и децата да сведочат против Бред, но годинава судиите одлучија парот да има заедничко старателство.
Според извори блиски до Џоли, таа била разочарана од одлуката на судиите и уште ќе се бори за да го добие она што го сака.
Спирова С. | Црнобело