Згодните Роналдо и Џорџина на заслужен одмор со децата – семејството на куп на луксузна јахта (фото)
- Детали
- среда, 07 јули 2021
Кристијано Роналдо по разочарувањето од Европското првенство одлучи да оди на семејно патување со неговата приватна јахта.
Роналдо се пофали со згодното тело на неколку Инстаграм фотки, а Џорџина направи галерија од семејниот одмор.
„Многу љубов“ – напиша таа до фотографиите.
Инаку, откако Португалија загуби од Белгија, Кристијано ги заврши своите обврски на Европското првенство.
Слободното време одлучи да го помине со девојката Џорџина Родригез и неговите деца Кристијано Роналдо Џуниор, близнаците Ева и Матео и Алана Мартина.
„Време е за одмор со моите сакани“ – напиша тој на социјалните мрежи.
Погледнете повеќе фотографии од одморот на Роналдо:
Б. С. Б. | Црнобело