Семејната идила на Џанлука Ваки и Шерон Фонеска - прва прошетка во Рим и пливање во базен со ќерката
- Детали
- среда, 07 јули 2021
Парот не ја зема својата ќеркичка кога појдоа на вакцинација во Србија, но затоа ја поведоа на патување во Рим. Џанлука Ваки споделува интимни мигови од семејниот живот... „Ти благодарам душо што си рајот за кој отсекогаш сонував.“
Шерон Фонеска неодамна сподели дека со сопругот Џанлука Ваки и нивната ќеркичка Блу Јерузалема го имале првото заедничко патување, а како дестинација го одбрале Рим.
„Прво патување за нашиот мал ангел, не брзавме со тоа да ја изнесеме од дома, па кога конечно ја изнесовме сè ѝ изгледаше толку различно... Автомобили, звуци, луѓе, цел еден нов свет! Но, таа е прекрасна искрено и не можам да бидам погорда, особено во период кога ѝ излегуваат заби...“, напиша Шерон во описот на фотката од патувањето во Рим.
Кусо пред тоа Џанлука пак сподели видео од првото капење во базен на малата Јерузалема.
„Твојот прв контакт со базенот ми покажа уште еднаш дека си иста како татко ти. Те сакам секој ден сè повеќе моја мала принцезо.“
Романтичниот Ваки сподели уште една објава за ќерка си:
„Гледањето на небото со тебе е единствената работа која ја сакам, она исто небо кое тебе и твојата мајка ве прати кај мене, небо на кое му се заблагодарувам секој ден, истото небо од каде еден ден, се надевам многу далеку, ќе те гледам и ќе те штитам со целата моја љубов.
Од ова небо дојде моја сјајна ѕвездо која ми го осветлуваш патот, мој ангелу кој ми ја покажа другата страна на животот...
Мојот сон е да направам сон од твојот живот затоа што ти веќе го исполни мојот со самото пристигнување во моите раце и полнење на мојата душа во секоја секунда. Ти благодарам душо што си рајот за кој отсекогаш сонував.“