Синот на Бен Афлек се запозна со децата на Џеј Ло во забавен парк – дали парот ќе стигне до олтар овојпат?
- Детали
- понеделник, 05 јули 2021
Џенифер Лопез и Бен Афлек се мошне сериозни во нивната обновена врска. Тие го поминуваат времето заедно, а поминаа и еден ден во забавен парк каде нивните деца имаа можност да се запознаат.
Во петокот славната двојка беше забележана заедно со децата во Universal Studios Hollywood, а два дена подоцна, во неделата, фотографите ги „уловија“ додека тие двајцата беа сами на прошетка во Хемптонс.
Џеј Ло и Бен Афлек се држеа за раце додека се шетаа низ тематскиот парк во Лос Анџелес, а потоа ја искористија можноста заедно со децата да се забавуваат со понудените содржини.
Лопез (51) со себе ги понесе близнаците Еме и Макс (13) од бракот со Марк Ентони, а Афлек беше придружуван од синот Семјуел (9) од неговиот брак со Џенифер Гарнер.
Ако се суди според фотографиите и по нивните насмевки, очигледно е дека добро се забавувале.
Два дена повторно Бен и Џенифер беа забележани сами, како уживаат во прошетка на Хемптонс.
Инаку, се знае дека Џеј Ло има свој имот во Хемптонс. Претходно, Бен и Џенифер беа уловени на вечера во Малибу, каде актерот се запозна со децата на неговата старо-нова девојка.
По ова се прашува прашањето дали Бен и Џенифер конечно ќе застанат пред олтар, доколку се земе превид дека двојката во минатото беше заедно неколку години. Tие се запознаа за време на снимањето на филмот Gigli во 2001-та година, во 2002-та ја објавија својата свршувачка. Во 2003-та најавија дека имаат намера да ја одложат венчавката, за на крај да раскинат во 2004-тата година.
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од семејната посета на забавниот парк:
Б. С. Б. | Црнобело