Џеј Ло ги запозна децата со Бен Афлек – парот ја потврди врската со страсни бакнежи (фото)
- Детали
- вторник, 15 јуни 2021
Први фотки кои го потврдуваат обновувањето на врската помеѓу поранешните партнери Џеј Ло и Бен Афлек. На фотографиите можеме да ја видиме славната двојка како разменува страсни бакнежи за време на вечера во Малибу.
Дека нештата се сериозни потврдува и фактот што на вечерата биле присутни и членовите на потесното семејство на Џеј Ло. Џеј Ло решила да го претстави своето старо-ново момче со нејзините деца од бракот со Марк Ентони.
Како што пишува PageSix, Бен и Џенифер биле на вечера по повод 50-иот роденден на сестрата на Џеј Ло, Линда, а заедно со нив биле и децата на пејачката - 13-годишните близнаци Макс и Еме.
Претходно беа објавени и други фотографии на кои можевме да ги видиме како се држат за рака, но ова се први фотографии на кои може да се види дека Бен и Џенифер јавно разменуваат бакнежи.
Гласините дека Џенифер (51) и Афлек (48) се повторно заедно почнаа да се шират уште во април годинава, непосредно откако пејачката ја раскина врската со Алекс Родригез.
Следниве фотки се доказ дека парот сериозно ја обнови врската:
Б. С. Б. | Црнобело