Хрватска пејачка обвинета за лош Фотошоп: „Си успеала да ги избришеш и очилата“
- Детали
- среда, 30 јуни 2021
Кога станува збор за балканските ѕвезди, српската пејачка Јелена Карлеуша и нејзината хрватска колешка Маја Шупут честопати се мета на критики дека премногу ги обработуваат фотографиите што ги објавуваат.
Овојпат хрватската пејачка Маја Шупут беше мета на критики откако на социјалните мрежи објави фотографија со нејзиното синче Блум. Имено, на една од фотографиите како да не се гледа аголот на очилата за сонце што таа ги носи.
Можеби станува збор само за аголот на камерата и фокусот на фотографијата, но дел од нејзините следбеници на Инстаграм веднаш побрзаа да ја критикуваат како додека ги обработувала фотографиите избришала и дел од модниот аксесоар.
Инаку, Маја Шупут (41) во моментов одмара на Јадранското Море заедно со сопругот Ненад Татаринов (38) и синчето Блум.
Таа и во минатото била мета на критики дека премногу ги обработува фотографиите, а за тоа говори и фактот што нејзините фотографии минатата година се најдоа и во видеата на американката Џесика Кобаиси која е професионален фотограф и на својот YouTube канал објавува повеќе видеа од типот „Инстаграм – Реалност“ и ги разоткрива обработените фотографии.
„Каде се брчките од насмевката, вратот е премногу мазен, нема никакви линии ниту брчки. Кога ќе видите ваква фотографија мора да се запрашате каде се линиите, сите ги имаме“ – рече Џесика тогаш.
Во продолжение погледнете го нејзиното видео во кое се најдоа фотографии и од други балкански ѕвезди:
Во продолжение повеќе фотографии од Маја:
Б. С. Б. | Црнобело