Четирите убавици на Коби: Ванеса Брајант со ќерките ужива во водени лудории на Јамајка (фото)
- Детали
- вторник, 29 јуни 2021
Пливање во базен, водени лудории, играње голф и многу насмевки - Ванеса Брајант и трите ќерки се вистински убавици, а четирите уживаат во времето поминато заедно на одмор во Јамајка.
Ванеса неодамна доби разрешница за тужбата против компанијата што го поседуваше хеликоптерот во кој загинаа нејзиниот сопруг Коби Брајант и ќерката Џиџи. Засега одлуката од спогодбата се чува во најголема тајност, а додека очекува судот да ја потпише спогодбата, таа реши времето да го помине со семејството.
На најновите Инстаграм фотки можеме да ја видиме Ванеса (39) како ужива во базен заедно со ќерките Наталија (18), Бјанка (4) и Капри (2). На фотографиите од базенот можеме да ги видиме девојчињата како прават фаци кон камерата.
„Имаш 6 месеци да се ослободиш од гумата за пливање, маче. Немој да ни расипуваш просек, Коко. Можеш! Ајде наше бебе“ – напиша Ванеса до фотографијата на која ја гледаме Капри со гума за пливање.
Ианку, Ванеса изгледа беспрекорно дури и за обичен ден на базен, со косата собрана во пунџа, а на себе носеше златен накит.
На видеото што таа го објави, девојките погодуваат што мислат кој ќе го расипе патувањето.
Според Наталија, најверојатно тоа ќе биде мајка им затоа што таа често знае „набрзина да се изнервира“, а Ванеса верува дека таа чест ќе ја има Бјанка бидејќи „таа е иста како мама“.
https://www.instagram.com/p/CQpWKhuDZPW/?utm_source=ig_web_copy_link
Освен од базенот Ванеса објави видео и фотографии од тоа како семејството ужива додека игра голф. Четирите девојки истовремено замавнуваат со палките.
https://www.instagram.com/p/CQsDQrXjqMi/?utm_source=ig_web_copy_link
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од одморот на Ванеса со ќерките:
Б. С. Б. | Црнобело