„Јас ги барав папараците“ - Ким Кардашијан била очајна за слава + што мисли сега за нејзината секс снимка?

Сакајќи да стане светски позната, Ким Кардашијан ги следела папараците за да ја фотографираат, па дури и се преправала дека купува нешто од продавница, само за да помине покрај нив. Истовремено, вели дека иако секс снимката ја направи популарна, тоа е дел од нејзиното минато што би сакала да го избрише.

jas-gi-barav-paparacite-kim-kardashijan-bila-ochajna-za-slava-shto-misli-sega-za-nejzinata-seks-snimka-01.jpg

Ким Кардашијан, заедно со нејзините сестри и мајка ѝ Крис Џенер, направи интервју по повод завршувањето на ријалити шоуто на популарното семејство. Во интервјуто, Ким откри дека порано била очајна за слава, па самата одела на места каде што има папараци, само за да ја фотографираат.

jas-gi-barav-paparacite-kim-kardashijan-bila-ochajna-za-slava-shto-misli-sega-za-nejzinata-seks-snimka-02.jpg

„Знаев точно каде се, па ако сакав да ме видат, секојпат кога бев нашминкана и со фризура за снимањето на шоуто, не одев дома да ја мијам шминката. Одев во продавница и купував нешто, дури и само леб. Што било! Некогаш одев и со празна торба!“, вели Ким за тоа како ги следела папараците.

jas-gi-barav-paparacite-kim-kardashijan-bila-ochajna-za-slava-shto-misli-sega-za-nejzinata-seks-snimka-03.jpg

„Некогаш се преправав дека сум заборавила нешто. ’Еј, да не си ги оставив очилата овде?‘“, продолжува 40-годишната ријалити ѕвезда.

Ким вели дека повеќе не трча по папараците за да ја фотографираат, но сега ѝ било смешно кога помислува на тоа.

„Сега можам да зборувам за ова бидејќи е многу смешно. Сметам дека луѓето треба да бидат поискрени за миговите од нивните животи кога се очајни за нешто што го сакаат“.

jas-gi-barav-paparacite-kim-kardashijan-bila-ochajna-za-slava-shto-misli-sega-za-nejzinata-seks-snimka-07.jpg

Пред Ким да стане мегапопуларна, редовно се дружеше и излегуваше со познати девојки, како Парис Хилтон и Линдзи Лохан со надеж дека ќе биде забележана.

jas-gi-barav-paparacite-kim-kardashijan-bila-ochajna-za-slava-shto-misli-sega-za-nejzinata-seks-snimka-04.jpg

Иако можеби со тоа почна да привлекува внимание, факт е дека светот дозна за неа откако беше објавена секс снимката со нејзиниот бивш партнер. Во интервјуто, пак, Ким призна дека сега посакува да може да ја „избрише“ снимката од нејзиното минато.

Кога Енди Коен, водителот што го водеше интервјуто, ја праша Ким за влијанието на снимката врз популарноста на семејството, таа изјави:

„Мислам дека сè се случува со причина и се обидувам да живеам на тој начин. И секојпат кога има нешто како луд скандал, се прашувам како можам да го надминам тоа. Секогаш има некоја лекција. Дури и ако е приватна лекција или нешто за кое не сме знаеле дека мораме да го поминеме“.

jas-gi-barav-paparacite-kim-kardashijan-bila-ochajna-za-slava-shto-misli-sega-za-nejzinata-seks-snimka-05.jpg

Водителот ја праша Ким и што мисли за снимката сега откако стана мајка, на што таа одговори:

„За среќа, мислам дека оттогаш поминаа многу години и се случија многу позитивни нешта кои го бришат тоа минато. Тоа е нешто со што ќе морам да живеам целиот живот. Се обидувам да не жалам за ништо, но мислам дека снимката е единственото нешто кое посакувам да не постоеше. Ако може да ја избришам која било глупава работа што ја направив во животот, веројатно тоа е снимката. Уште повеќе го сакам тоа откако станав мајка“.

jas-gi-barav-paparacite-kim-kardashijan-bila-ochajna-za-slava-shto-misli-sega-za-nejzinata-seks-snimka-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Ќерката на Ким и Канје се гушка со маќеата, додека мама очајно бара помош да се справи со децата Најстарата ќерка на Ким и Канје, Норт, очигледно се поврзува со девојката на тат...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg