Ирина Шајк е грижлива мајка додека ја чека новата средба со Канје – Ким и Бредли сметаат дека се одличен спој

Додека Канје Вест е во Лос Анџелес, Ирина Шајк го минува времето со ќерката Леа во Њујорк и ја чека новата средба со раперот. Нивните бивши, пак, Ким Кардашијан и Бредли Купер, ја поддржуваат нивната романса и сметаат дека се добар спој.

irina-shajk-e-grizhliva-majka-dodeka-ja-cheka-novata-sredba-so-kanje-kim-i-bredli-smetaat-deka-se-odlichen-spoj-01.jpg

Деновиве најмногу се зборува за романсата на Канје Вест и Ирина Шајк, а додека моделот ја чека новата средба со нејзината нова љубов, го минува времето со ќерката Леа.

По романтичното патување во Париз, 35-годишниот модел беше забележан на улиците низ Њујорк заедно со ќерката Леа.

irina-shajk-e-grizhliva-majka-dodeka-ja-cheka-novata-sredba-so-kanje-kim-i-bredli-smetaat-deka-se-odlichen-spoj-06.jpg

Ирина носеше фармерки, црн корсет и црни чизми и врати стар тренд во мода, додека ја шеташе Леа во количка.

irina-shajk-e-grizhliva-majka-dodeka-ja-cheka-novata-sredba-so-kanje-kim-i-bredli-smetaat-deka-se-odlichen-spoj-07.jpg

irina-shajk-e-grizhliva-majka-dodeka-ja-cheka-novata-sredba-so-kanje-kim-i-bredli-smetaat-deka-se-odlichen-spoj-02.jpg

Моментално Канје и Ирина се разделени – според изворите, раперот планира да остане во Лос Анџелес, па со моделот имаат „врска на далечина“.

„Неговите деца живеат во Лос Анџелес. Тој е и фокусиран на неговиот бизнис таму. Но сепак сака да минува време со Ирина и планира да ја види наскоро“, вели изворот на People.

Иако претходно се појавија гласини дека Ким била повредена од Канје, особено бидејќи не го поминал роденденот со нивните деца туку со Ирина, сега изворите велат дека таа е среќна за него.

irina-shajk-e-grizhliva-majka-dodeka-ja-cheka-novata-sredba-so-kanje-kim-i-bredli-smetaat-deka-se-odlichen-spoj-04.jpg

„Ким е среќна за него и сака тој да продолжи со животот. Смета дека со Ирина се одличен спој. На Ким не ѝ пречи оваа врска бидејќи виде како се однесуваше Ирина кога се раздели со Бредли“, открива изворот за Us Weekly.

Наводно, на Ким ѝ се допаѓало тоа што Ирина не зборуваше за разводот, а не би сакала нејзиниот бивши да почне врска со жена која ќе зборува сè и сешто.

irina-shajk-e-grizhliva-majka-dodeka-ja-cheka-novata-sredba-so-kanje-kim-i-bredli-smetaat-deka-se-odlichen-spoj-05.jpg

Според извори блиски до раперот, иако врската со Ирина не е ништо сериозно, барем засега, хемијата помеѓу нив е повеќе од очигледна.

„Се запознаваат подобро и се забавуваат. Уште не е ништо сериозно, но навистина си се допаѓаат. Тој ја запозна на снимањето на неговиот спот во 2010-та и мислеше дека е прекрасна. Отсекогаш смета дека е посебна и има посебно место во неговиот ум“.

Наводно, и Бредли целосно ја поддржува Ирина кога станува збор за љубовта.

„Бредли има целосна поддршка за Ирина без разлика со кого таа се гледа – само сака да биде среќна. Бредли и Ирина не се во добар однос само како родители, тие се и блиски пријатели“.

irina-shajk-e-grizhliva-majka-dodeka-ja-cheka-novata-sredba-so-kanje-kim-i-bredli-smetaat-deka-se-odlichen-spoj-03.jpg

Засега Канје и Ирина не планираат да ги запознаат нивните деца едни со други.

„Уште не се стигнати до таа фаза. Прерано е. Всушност, двајцата пробуваат да откријат дали оваа врска ќе трае или е само авантура“, вели извор за Us Weekly.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
10 деца на славни личности кои се поубави и од родителите Ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли, ќерката на Лени Кравиц и Лиса Боне… Ќерк...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg