Норт Вест го прослави 8-иот роденден – какво изненадување подготви Ким за ќерката?

По повод 8-иот роденден на Норт Вест, Ким најави дека подготвува специјален подарок за својата првородена ќерка – таа е подготвена на сѐ за децата да не се чувствуваат лошо по разводот на родителите. Дополнително на Инстаграм имаше честитки и од останатите членови на семејството.

Nort-Vest-go-proslavi-8-iot-rodenden-Kakvo-iznenaduvanje-podgotvi-Kim-za-kjerkata-01.jpg

Ким Кардашијан го одбележа роденденот на својата прва ќерка со тоа што објави досега невидени фотографии направени во 2017-тата година од страна на Стивен Клајн, на кои можеме да ја видиме познатата ријалити ѕвезда во стилот на Џеки Кенеди. 

Станува збор за фотографии од зад сцената на коишто Норт заедно со мајка ѝ позираше за фотосесијата со тематика за некогашната Прва дама на САД, направена за магазинот Interview.

Дополнително Ким најави дека подготвува специјален подарок за својата најстара ќерка, односно книга во која ќе ги собере сите нејзини фотографии.

„Норт еден ден ќе ги видиш овие пораки отпечатени за тебе во книгите што ги подготвувам за тебе и се надевам дека ќе ја почувствуваш љубовта затоа што ти носиш толку многу љубов и радост во нашите животи.

Ти си најсмешното, девојчето со најдобар стил и најкреативната личност што знае што точно сака во животот! Никогаш не сум запознала некого како тебе! Ги избрав овие фотографии од Норт и мене од фотосесијата на Стивен Клајн во стилот на Џеки О затоа што ме потсетуваат на поврзаноста помеѓу мене и Норт, а тој секогаш знае добро да ја улови емоцијата!“ – напиша Ким до фотографиите.

View this post on Instagram

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Освен Ким, на Инстаграм роденденот го честита и бабата Крис Џенер, која не сака нејзината внука да ја вика „баба“ туку lovey (љубов). Таа објави повеќе фотографии од најстарата ќерка на Ким и Канје.

„Среќен роденден на нашата убава Норти!!! Ти си навистина зрак светлост и го осветлуваш секој простор со својата преубава насмевка и големо срце. Ти си забавна, талентирана, умна и многу креативна! Ти си прекрасна ќерка, сестра, внука и пријател. Сакам да те гледам како растеш и секој ден сум сè погорда на тебе. Те сакам многу!!! Љубов“ – напиша таа до фотографиите.

На Инстаграм Стори роденденот го честиташе и Клои Кардашијан.

Nort-Vest-go-proslavi-8-iot-rodenden-Kakvo-iznenaduvanje-podgotvi-Kim-za-kjerkata-02.jpg

Исто така фотографии објави и Кортни Кардашијан.

Норт веќе е славно девојче. Освен тоа што е ќерка на познатата двојка, таа за првпат се појави во ријалити шоуто Keeping up With the Kardashians додека снимаше секвенци за видео-спотот на Канје Вест Only One во 2015-атата година, но и во модните ревии на нејзиниот татко Канје Вест.

Кардашијан и Канје Вест имаат уште три деца Сент (5), Чикаго (3) и Псалм (2). Инаку Ким и Канје во моментов се во процес на развод, а според пишувањата во медиумите тие најверојатно ќе имаат заедничко старателство врз децата.

Во продолжение погледнете повеќе фотографии што беа објавени по повод роденденот на Норт:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Ја уверил дека е кралица, па не смее да зборува со „обичните смртници“ - Бизарните правила што Канје... „Бјанка за ништо повеќе не размислува сама и едноставно е потчинета на контровер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg