Бизарни диети на славните: Кој се храни со коцки мраз, а кој со сончева енергија?
- Детали
- недела, 13 јуни 2021
Диетите на овие славни дами се екстремни, а изгледа тоа е последица од константното изложување во јавноста и притисокот од медиумите.
Понекогаш славните личности знаат да претераат со режимот за исхрана со цел да изгледаат беспрекорно на црвениот тепих, на бина или пак, за потребите на улога.
Голем дел од нив одат во крајности кои дефинитивно не се препорачливи и никој не треба да ги практикува.
Со какви трикови и диети се служат/служеле дел од нив за линијата да не трпи?
Рене Зелвегер
За потребите на улогата Бриџит Џонс морала драстично да се здебели, па потоа се одлучила за ригорозна диета како би си ја вратила линијата. Наводно, во тој период како ужина или кога се чувствувала гладна, јадела само коцки мраз.
Џенифер Лопез
Џенифер Лопез се потпира на научните докажувања дека маслото од грејпфрут го намалува апетитот. Џеј Ло слабее преку инхалирање на ова масло, по 15 минути 3 пати дневно, како не би чувствувала глад.
Мишел Фајфер
Оваа прилично опасна диета се практикува како дел од култ во кој се верува дека низ процес на медитација, човекот може да живее само од воздух и сонце. Мишел Фајфер јавно призна дека билa дел од овој култ и ова верување, но за среќа кратко потоа се откажала од ова и продолжила со веганска исхрана.
Ферги
Иако нема некој ригорозен план на исхрана како остатокот од ѕвездите, Ферги смета дека за нејзината витка линија заслужен е јаболковиот оцет, од кој консумира по 2 лажици дневно.
Никол Кидман
Кога улогите тоа го побаруваат од неа, Никол е на диета со тврдо варени јајца. Оваа диета не е комплицирана, но не е ниту многу здрава, а се појадува 1 варено јајце и се вечера 2 до 3 варени јајца.
Кејти Холмс
Кејти Холмс еднаш одлучила да ослабе така што за појадок ќе јаде само супа од моркови, додека за ручек и вечера – сирова брокула.
Повеќето од овие трикови славните ги користеле одамна и тие не останале трајни. Секако, истите не се препорачливи за никого, а независно каква диета почнувате, пожелно е да се консултирате со стручно лице.
М. Д. | Црнобело