Бредли Купер гордо го носи венчето на ќерка си додека шета со Ирина Шајк + дали моделот се гледа со Канје Вест? (фото)
- Детали
- четврток, 03 јуни 2021
Бредли Купер и Ирина Шајк беа забележани во Њујорк, заедно со нивната ќерка Леа, а се чини дека и двајцата уживаат во овие дружби. Во меѓувреме, на интернет почнаа да кружат гласини дека Ирина можеби почнала да се гледа со бившиот на Ким Кардашијан - раперот Канје Вест.
Бредли Купер и Ирина Шајк останаа добри пријатели по разделбата во 2019-та, а парот заедно се грижи за нивната 4-годишна ќерка. Поради ова, неретко се појавуваат и заедно во јавност, а се чини и на двајцата им годат овие дружби.
Деновиве парот беше забележан во Њујорк, заедно со ќеркичката Леа, а на папарацо фотките и сами ќе ја забележите слатката насмевка на Бредли додека гледа во Ирина.
Како и обично, на фотките Ирина изгледа одлично со беж фустан и гумени чизми со иста боја. Бредли одбрал поедноставна комбинација – фармерки и црна маица.
Најпрво парот заедно шеташе низ Њујорк, а во еден миг Бредли гордо го носеше и венчето на ќерка му. Потоа Ирина и Леа сами ја продолжија прошетката.
Иако актерот и моделот се во одлични односи, јасно е дека не планираат да ја обноват врската, но деновиве се појавија гласини дека Ирина можеби нашла нова љубов – раперот Канје Вест.
Според светските медиуми, гласините се разгореле благодарение на Инстаграм профилот DeuxMoi, каде што се споделуваат најновите озборувања од светот на славните, како и мемиња инспирирани од шоу-бизнисот. Иако на профилот е нагласено дека она што го споделуваат се само гласини и не значи дека е потврдено, неколку анонимни извори тврделе дека сигурно се случува нешто помеѓу Ирина и бившиот на Ким Кардашијан.
Засега Канје и Ирина не се забележани заедно во јавност, ниту, пак, имаат спомнато нешто еден за друг. Па, останува да видиме дали има некаква вистина во овие тврдења.
Спирова С. | Црнобело