Оштетени гласни жици, промена на религија, насилство, политичка кариера – Низ што сè помина Јулија Волкова по распадот на „Тату“?

Поранешната членка на руското контроверзно дуо „Тату“ (t.A.T.u), Јулија Волкова во родната Русија моментално е мошне актуелна затоа што поднела документи за да учествува во тамошните парламентарни избори.

Osteteni-glasni-zici-promena-na-religija-nasilstvo-politicka-kariera-niz-shto-se-pomina-julija-volkova-po-raspadot-na-Tatu-01.jpg

Руското контроверзно дуо „Тату“ (t.A.T.u.) брзо по појавувањето постигна светска слава. Групата беше основана 1999 година во Москва, а во 2003 ја претставуваа Русија на Евровизија, каде го освоија третото место.

Девојките за кои се говореше и дека целата сценографија со размена на нежности на сцената и нивното претставување како „лезбиско дуо“ е само маркетинг трик, во 2011 година одлучија да се разделат и да почнат соло кариери.

Osteteni-glasni-zici-promena-na-religija-nasilstvo-politicka-kariera-niz-shto-se-pomina-julija-volkova-po-raspadot-na-Tatu-02.jpg

Дуото „Тату“ ќе остане запаметено по песните All about us, All the things she said и Simple movements.

Црвенокосата Лена во моментов живее во Лос Анџелес, пишува песни, гради соло кариера, има син и вели дека е пресреќна што била дел од „Тату“ и дека тоа ѝ било неверојатно искуство. Црнокосата Јулија пак деновиве е актуелна со тоа што во Русија влегува во политичките води.

Osteteni-glasni-zici-promena-na-religija-nasilstvo-politicka-kariera-niz-shto-se-pomina-julija-volkova-po-raspadot-na-Tatu-03.jpg

Руските медиуми пишуваат за тоа што сè ѝ се случувало во животот во последната деценија, односно од 2009-тата година па наваму.

Распаѓање на „Тату“ и соло кариера

Светски популарното дуо „Тату“ се распадна поради конфликтот помеѓу Јулија Волкова и продуцентот Борис Ренски. Во тоа време портпаролот на дуото забележа дека причините за распадот на дуото не се поврзани со „креативни или комерцијални аспекти“.

Од тој момент девојките ги започнаа нивните соло кариери, со тоа што Лена Катина почна да соработува со постоечкиот тим, а Волкова си замина. Групата конечно беше растурена во 2011-тата година, а Волкова сними две песни од нејзиниот соло албум: Rage и Woman All The Way Down.

Osteteni-glasni-zici-promena-na-religija-nasilstvo-politicka-kariera-niz-shto-se-pomina-julija-volkova-po-raspadot-na-Tatu-04.jpg

Една година подоцна, во 2012-тата Јулија беше дел од песните што се квалификуваа за „Евровизија“ со дуетот со Дима Билан Back to Her Future.

Тие го зедоа второто место и не го добија правото да ја претставуваат Русија на „Евровизија“. Истата година, Волкова објавила уште две песни, а се појавила и во неколку филмови и ТВ серии.

Оштетени гласни жици по операцијата на тумор на тироидната жлезда

Во септември 2012-тата Волкова била на операција за да ѝ се отстрани канцероген тумор од тироидната жлезда. За време на операцијата ѝ биле оштетени и гласните жици, поради што пејачката имала проблеми и со гласот. Сè уште кога ја слушаме како говори може да се слушне промената во нејзиниот глас.

Osteteni-glasni-zici-promena-na-religija-nasilstvo-politicka-kariera-niz-shto-se-pomina-julija-volkova-po-raspadot-na-Tatu-05.jpg

Неколку месеци подоцна Јулија повторно соработуваше со Катина од дуото „Тату“, по повод 10 годишнината од албумот 200 km/h In the Wrong Lane кога беше објавено ново јубилејно издание. Во 2013-тата година Волкова заедно со Билан ја снимија песната Love-bitch.

Osteteni-glasni-zici-promena-na-religija-nasilstvo-politicka-kariera-niz-shto-se-pomina-julija-volkova-po-raspadot-na-Tatu-06.jpg

Во есента 2013-тата година Јулија и Лена повторно одржаа концерти во Киев и Санкт Петерсбург. Неколку месеци подоцна настапија и на отворањето на 22-те Зимски Олимписки игри во Сочи.

Во 2015-тата го објави синглот Keep close што беше првиот соло проект во последните три години. По ова објави уште неколку песни, за потоа повторно да ја снема.

Се откажа од Исламот и ѝ се врати на православната религија

Во 2017-тата стана популарна откако објави фотографија од Православната црква и објави дека ѝ се вратила на нејзината религија, откако претходно 10 години се приклонувала кон Исламот. Таа Исламот го прифатила во 2007-мата година кога се омажила за узбекистанскиот бизнисмен Парвиз Јасвинов. Со него таа има еден син, Самир (13), а бракот траел само три години.

Претходно пред бракот со Јасвинов, Волкова во 2004-тата година ја доби ќерката Викторија, од врската со Павел Сидоров. Во тоа време, овие настани предизвикаа скандал, затоа што Сидоров веќе беше оженет и имаше деца. Викторија денес има 17 години, а Јулија и тој немаат контакти.

Насилство од непознат маж во Турција кој сè уште е решен „да не ја остави жива“

Во летото минатата година, таа говореше за некоја токсична врска со странец. Досега не го откри идентитетот на мажот, но не крие дека стравува за својата безбедност.

Како што изјави таа тогаш, во 2016-тата година таа и нејзините деца живееле заедно со него во Турција 4 години. Според неа, новиот партнер бил мошне љубоморен па не ѝ дозволувал да комуницира со други мажи.

Тој исто така бил насилен, па по еден домашен конфликт таа била пренесена во болница со скршена вилица на три места.

„Кога се освестив сфатив дека веќе сум во возилото на брзата помош и се сеќавам дека го држев лицето со рацете, затоа што вилицата ми висеше. Не плачев, се обидував да се насмеам, затоа што имаше деца. Не сакав да ги уплашам, секако беа уплашени“ – раскажува Јулија.

Таа била подложена на операција на лицето во Истанбул, но не поднела пријава против мажот. Истовремено, таа признава дека оттогаш па наваму живее во постојан страв за нејзината и за безбедноста на нејзините деца. Како што вели, тој сè уште не се откажал од намерата „да не ја остави жива“.

Таа исто така говореше и за повторното враќање на карциномот на тироидната жлезда во 2019-тата година и повторната операција.

„Кога дознав дека канцерот се вратил по вторпат не сакав да верувам. Веднаш целиот живот ми излезе пред очите, но немав други опции“ – рече таа.

https://www.instagram.com/p/CONmumFBXzG/?utm_source=ig_web_copy_link

Во моментов на профилите на социјалните мрежи на Јулија доминираат семејни фотографии, но и фотографии на сцена.

Таа во април годинава најави дека влегува и во политичките води. Посебно актуелно е нејзиното контроверзно минато како членка на „лезбиското дуо“, затоа што таа се приклучи кон партијата „Обединета Русија“ или партијата на претседателот Владимир Путин.

Повеќе фотографии од Јулија во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg