Марк Закерберг стана хит меме лани, а годинава сам се шегува на своја сметка на Хаваи
- Детали
- четврток, 27 мај 2021
Марк Закерберг деновиве повторно е на одмор на Хаваи, ама изгледа добро ја научил лекцијата за тоа колку крем за сончање треба да стави за да не биде повторно споредуван со Џокер и страшило. Очигледно, сè уште никој не му го заборава инцидентот со кремот за сончање, а дури и тој самиот во фотографиите што ги објавува се пошегува на своја сметка.
Речиси и да нема кој не се сеќава на хит мемето што се појави во текот на минатото лето, а на кое можеше да се види основачот на Facebook како целосно прекриен со крем за сончање сурфа на електричната даска. Годинава Закерберг и неговата сопруга повторно се на Хаваи, а овојпат споделуваат и фотографии на кои сами се шегуваат за хит-мемето.
По повод годишнината од бракот Закерберг објави фотографија на Инстаграм до која напиша:
„Не ми се верува дека следната година ќе бидеме заедно половина од нашите животи. Исто така не можам да верувам дека на прошетката по повод нашата годишнина, дури и фотоапаратот го намачкавме со крем за сончање.“
Закерберг е фотографиран од страна на повеќе медиуми како ужива на одморот во Хаваи, а дека никој не заборавил на хит мемето е и фактот што во насловите се наведува дека годинава тој не е намачкан како претходната година.
Основачот на Facebook уште кога излегоа фотографиите во текот на минатата година даде објаснување зошто имал толку многу крем за сончање па рече:
„Забележав дека нè следи папарацо фотограф, па си реков: ‘Не сакам да ме препознае’ и знаете што направив? Ставив еден тон крем за сончање на лицето. Ете што излезе од таа идеја.“
Закерберг објавува фотографии и видеа од одморот и на социјалните мрежи, па така во едно видео тој ги покажа своите вештини за сурфање:
Повеќе фотки од овогодишниот одмор на Марк:
Б. С. Б. | Црнобело