Актерот Сет Роген: „Зошто со сопругата сме среќни што одлучивме да немаме деца?“

„Ние сме опуштени цело време. Лежиме во саботите наутро во кревет, си уживаме и гледаме филмови голи. Ако имавме деца немаше да можеме да го правиме тоа“, вели Сет Роген.

akterot-set-rogen-zoshto-so-soprugata-sme-srekjni-shto-odluchivme-da-nemame-deca-01.jpg

Во неодамнешно гостување во шоуто „The Howard Stern Show“ актерот Сет Роген отворено проговори зошто тој и неговата сопруга Лорен Милер не се заинтересирани да имаат деца.

Роген постојано глуми, продуцира, а неодамна ја објави и својата прва книга, а пак неговата сопруга интензивно работи како сценарист и режисер, па Роген вели дека сфатиле дека е најдобро да немаат деца.

akterot-set-rogen-zoshto-so-soprugata-sme-srekjni-shto-odluchivme-da-nemame-deca-02.jpg

„Луѓето постојано се интересираат околу тоа и порано ми беше некомфорно да им одговорам на прашањето ‘Како успевате да постигнете да сработите толку работи во животот?’ Но, одговорот е ‘Немам деца, немам што друго да правам’“, изјави Сет.

Актерот додава дека неговата сопруга го има истиот став.

„Би кажал дека мојата сопруга сака деца дури уште помалку од мене. Јас можеби би можел да бидам убеден, но таа строго се држи до ставот против.“

akterot-set-rogen-zoshto-so-soprugata-sme-srekjni-shto-odluchivme-da-nemame-deca-03.jpg

Потоа на прашањето дали тоа што немаат деца негативно влијае на нивниот брак тој вели:

„Не познавам некој кој добива толку среќа од неговите деца, колку што ние имаме од тоа што немаме деца. Ние сме опуштени цело време. Лежиме во саботите наутро во кревет, си уживаме и гледаме филмови голи. Ако имавме деца немаше да можеме да го правиме тоа“.

akterot-set-rogen-zoshto-so-soprugata-sme-srekjni-shto-odluchivme-da-nemame-deca-04.jpg

Кога водителот во шоуто кажа дека кога имаш деца, тие ти стануваат приоритет, тој одговори:

„Не го сакам тоа. Не ми звучи забавно“, изјави Сет.

akterot-set-rogen-zoshto-so-soprugata-sme-srekjni-shto-odluchivme-da-nemame-deca-05.jpg

„И зошто? Има доволно деца. Зарем ни се потребни повеќе луѓе? Кој ја гледа планетава во моментот и мисли ‘Знаете што ни е потребно во моментов? Уште луѓе на планетава’...“, вели тој.

Што мислите вие за оваа тема?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg