Парис Хилтон без градник, Хајди Клум по долна облека – трите дами кои беа главни на црвениот тепих на MTV наградите

Парис Хилтон, Хајди Клум и Вини Харлоу освоија со гламурозниот стил на црвениот тепих на втората вечер од доделувањето на MTV Movie & TV Awards. Трите дами останаа забележани како со гламурозните тоалети, така и со внимателно избраните додатоци.

paris-hilton-bez-gradnik-hajdi-klum-po-dolna-obleka-trite-dami-koi-bea-glavni-na-crveniot-tepih-na-mtv-nagradite-01.jpg

Богатата наследничка и ријалити ТВ ѕвезда Парис Хилтон се појави без градник во краткиот жолтиот Artemis Crystal мини фустан на Филип Плејн.

Имајќи предвид дека таа досега се појавувала и во посмели модни изданија, би можеле да кажеме дека овој изглед дури беше и конзервативен за нејзините стандарди.

На фотографиите се забележува дека Хилтон направи сè за да го покаже и вереничкиот прстен од свршеникот Картер Раум додека позираше пред Hollywood Palladium.

За нејзината шминка беше задолжена Рокаел Лизама која се погрижи за целосното контурирање на нејзиното лице, а природната руса коса беше во боб фризура со патец настрана.

View this post on Instagram

A post shared by Perry_Kantana (Kaljareuk) (@tae_kantana)

Германската модна икона Хајди Клум се појави во целосно проѕирен мрежест фустан од ALIÉTTE. Фустанот е во целост рачно изработен, а изгледот беше во целост комплетиран со високи црни чизми.

Таа позираше пред Hollywood Palladium пред да ја заземе улогата на презентерка за време на првите доделувања на наградите кои се оддржаа без однапред напишано сценарио.

Клум на настанот носеше накит од VRAI. Ѓерданот и алката на раката се креирани од лабораториски добиени дијаманти.

Paris-Hilton-bez-gradnik-Hajdi-Klum-po-dolna-obleka-trite-dami-koi-bea-glavni-na-crveniot-tepih-na-MTV-nagradite-02.jpg

Вини Харлоу се појави во тоалета од Miu Miu. Дводелната тоалета што се состоеше од топ и макси здолниште, а беше во целост избрана од стилистот Џејсон Болден.

Канадската манекенка која во 2014-тата година се натпреваруваше во 21-вата сезона на America's Next Top Model носеше Nuvole Bianche дијамантски прстен и наушници, како и ad Ghiaccio дијамантски пристен.

Во продолжение погледнете ја галеријата со фотографии од трите познати дами што оддржаа модна лекција на црвениот тепих и ги засенија останатите:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
Хајди Клум искрена за интимниот живот: „Бившиот беше многу стар, сегашниот сопруг може да издржи со ... „Јасно ви е дека немам некој одреден тип (на мажи). Сум била со ќелави, стари, м...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg