Мел Би (45) за семејното насилство: „Не сакав никој да ми се приближи и да ме гушне цела година потоа, но сега сум среќно вљубена“

Ова е изјавата што членката на Spice Girls, Мел Би ја даде за британски The Sun, каде отворено проговори за траумите од семејното насилство што ги преживеала за време на бракот со филмскиот продуцент Стефан Белафонте.

Mel-Bi-45-za-semejnoto-nasilstvo-Nikoj-ne-mozeshe-da-mi-se-priblizi-i-da-me-gushne-cela-godina-podocna-01.jpg

Пејачката во интервјуто навести дека повторно нашла љубов и дека се вљубила во човек „што е поразличен од кој било друг со кого била во врска досега“. Не даде подетални информации за тоа кој е човекот со кого конечно нашла љубов, но нагласи дека сега е среќна.

Како што рече, по десетгодишниот брак во кој постојано била жртва на семејно насилство, сметала дека никогаш нема да има здрава врска, сè до неодамна.

„Искрено, сметав дека ќе биде невозможно да бидам во романтична врска повторно затоа што сум преоптоварена со минатите искуства. Со оглед на тоа што имам голем број трауматични искуства не можев да поднесам некој да ме гушне или да ме допре цела година.

Ако некој ми се приближеше ми се ежеше кожата, постојано во секојдневниот живот. Но, има излез. Потребен ви е некој што е љубезен, со разбирање и со трпение за да ви помогне да излезете од тој несакан круг на страв, во којшто постојано се враќате, вели таа.

Mel-Bi-45-za-semejnoto-nasilstvo-Nikoj-ne-mozeshe-da-mi-se-priblizi-i-da-me-gushne-cela-godina-podocna-02.jpg

Мел Би напоменува дека можете да имате врска со љубов и со меѓусебно разбирање, но дека за тоа ќе ви биде потребна голема доверба и многу разбирање:

„Личноста што влегува со вас во врска, треба да има разбирање колку сте чувствителни за вашите бариери. Навистина е тешко за некои мажи, особено за оние мажи што никогаш не биле насилни кон жени. Вистински мажи што размислуваат: ’Како може некој маж да ѝ го направи ова на жена‘.

Треба да се изгради таа основа бидејќи за жените што биле злоупотребувани, основата во целост е срушена“ – вели таа.

Инаку, Мел Би оствари соработка со композиторот на класична музика Фабио Де Андреа за да ја отпочне кампањата за музика што има цел да ја поттикне свеста за семејното насилство. Видеоспотот во кој се појавува Мел Б е насловен „Љубовта не треба да боли“ (Love Should Not Hurt).

Видеото е направено во соработка со Women’s Aid, а е инспирирано од разговорите што таа ги имала со други жени што биле подложени на насилство и влијанието на карантинот врз жените што живеат со насилни партнери.

Во видеото на почетокот гледаме дека таа како жена води раскошен животен стил, а зад сцените трпи насилство. Ја гледаме како партнерот ја задушува, ја влече по земја и ја удира.

„Носам одговорност за да се осигурам дека овие ситуации се прикажани што е можно пореално“ – вели таа.

Mel-Bi-45-za-semejnoto-nasilstvo-Nikoj-ne-mozeshe-da-mi-se-priblizi-i-da-me-gushne-cela-godina-podocna-03.jpg

Таа во 2018-тата ги објави и своите мемоари насловени Brutally Honest, каде говореше за животот со Стефан Белафонте (45). Мел Би тврдеше дека нејзиниот поранешен сопруг го криел од неа неговото криминално минато, а станал насилен уште на нивната прва брачна ноќ во 2007-мата година.

Во 10-годишниот брак, двојката изгледала дека ужива во холивудскиот стил на живот, а во домот, зад затворени врати таа била подложена на емотивно, физичко и сексуално насилство.

Mel-Bi-45-za-semejnoto-nasilstvo-Nikoj-ne-mozeshe-da-mi-se-priblizi-i-da-me-gushne-cela-godina-podocna-04.jpg

Таа од бракот со Белафонте ја има ќеркичката Медисон (9), од бракот со танчарот Џими Гулзар ќерката Феникс (22) и ќерката Ејнџел (14) со Еди Марфи.

Денес живее заедно со своите ќерки во семејниот дом во Лидс, во Велика Британија, но како што вели сè уште е подложена на емотивна траума поради заедничкото старателство со Белафонте, поради што таа по неколку месеци не ја гледа ќеркичката Медисон.

„Имам дете, што оној што ме злоставуваше ми го одзема со помош на легалниот систем. Комуницирам со неа преку видео разговори во периодот кога е со него, но тие разговори може или да бидат прекинати или воопшто да не се случат - во зависност од тоа што тој сака да ми го приреди.

Јас ги живеам последиците од тоа што може да ти се случи кога ќе напуштиш некого што сè уште има можност да те контролира“ – вели Мел Би.

Mel-Bi-45-za-semejnoto-nasilstvo-Nikoj-ne-mozeshe-da-mi-se-priblizi-i-da-me-gushne-cela-godina-podocna-05.jpg

Инаку, таа се разведе од Белафонте во 2018-тата година. Во август истата година тие постигнаа договор во вонсудска постапка, поради тоа што сите обвиненија за семејно насилство против нејзиниот поранешен сопруг беа отфрлени.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg