Џеј Ло и Бен Афлек „уловени“ заедно на патување – дали старата љубов е причина за разделбата со Алекс? (фото)

Во последниот период постојано се шират гласини дека е можна нова љубовна врска помеѓу Бен Афлек и Џенифер Лопез, а сега стигнаа и првите фотографии на кои познатата двојка ја гледаме заедно. За мало потсетување, Бен и Џенифер беа заедно пред 17 години.

djej-lo-i-ben-aflek-uloveni-zaedno-na-patuvanje-dali-starata-ljubov-e-prichina-za-razdelbata-so-aleks-foto-01.jpg

Daily Мail објави ексклузивни фотографии на кои можеме да ја видиме двојката заедно како се враќа наводно од луксузно патување.

Na-povidok-nova-romansa-megju-Dzej-Lo-i-Ben-Aflek-Fotografii-od-dvojkata-po-luksuzniot-odmor-vo-Montana-02.avif.jpg

Британскиот портал пишува дека актерот ја однел поранешната свршеница на романтично патување со неговиот приватен авион. Парот наводно бил на романтично викенд патување во луксузно ски-одморалиште во Монтана, каде актерот поседува својa вила.

На фотографиите ги гледаме Бен и Џенифер во опуштено издание во автомобилот и на аеродромот и ова се први фотографии на коишто двојката е заедно, откако претходно, по раскинувањето на врската помеѓу Џенифер Лопез и Алекс Родригез кружеа гласини дека нејзиниот поранешен свршеник во неколку наврати го посетувал нејзиниот дом.

Фотографиите се направени за време на нивното враќање во Лос Анџелес, додека се симнувале од авионот.

Na-povidok-nova-romansa-megju-Dzej-Lo-i-Ben-Aflek-Fotografii-od-dvojkata-po-luksuzniot-odmor-vo-Montana-03.jpg

Актерот неодамна ги разгоре гласините така што јавно проговори за својата поранешна љубов и откри дека ѝ се восхитува на нејзината убавина, но и на нејзината амбиција. 

Прочитајте повеќе: Бен Афлек јавно ѝ се додворува на бившата Џеј Ло: „Како е можно да изгледаш исто како во 2003-та?“

Со сите претходни случувања и раскинувањето на Џеј Ло со Алекс, сега фановите се сигурни дека помеѓу Џеј Ло и Бен Афлек повторно се вратила љубовната искра. Но, останува да видиме што ќе се случува по овие заеднички фотки.

Na-povidok-nova-romansa-megju-Dzej-Lo-i-Ben-Aflek-Fotografii-od-dvojkata-po-luksuzniot-odmor-vo-Montana-04.jpg

Na-povidok-nova-romansa-megju-Dzej-Lo-i-Ben-Aflek-Fotografii-od-dvojkata-po-luksuzniot-odmor-vo-Montana-05.jpg

Na-povidok-nova-romansa-megju-Dzej-Lo-i-Ben-Aflek-Fotografii-od-dvojkata-po-luksuzniot-odmor-vo-Montana-06.jpg

Инаку, двојката претходно ја објави својата свршувачка во 2002-та година, но во 2003-тата ја одложија венчавката и официјално се разделија во 2004-тата година.

Na-povidok-nova-romansa-megju-Dzej-Lo-i-Ben-Aflek-Fotografii-od-dvojkata-po-luksuzniot-odmor-vo-Montana-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Бен Афлек насмеан покрај бившата сопруга, Бред Пит напорно работи: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек стана препознатлив по неговиот „мизерен“ изглед пред папараците, но ов...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg