Ретко појавување во јавност – бремената Меган Маркл на прошетка со синот Арчи (фото)
- Детали
- сабота, 24 април 2021
Еден ден откако Хари се врати во САД, Меган Маркл беше забележана на прошетка со нејзиното синче Арчи, а на фотките веќе се познава нејзиното трудничко стомаче.
Неделава, Меган Маркл беше забележана за време на прошетка со нејзиниот син Арчи. Ова е првпат да ja видиме Меган во јавност по враќањето на принцот Хари во САД.
39-годишната актерка беше во лежерно издание, со фармерки маица и мантил, а во рацете го држи 1-годишното синче Арчи. На фотографиите веќе се забележува и нејзиното трудничко стомаче.
Наводно, Меган била фотографирана еден ден по враќањето на Хари во САД, после погребот на неговиот дедо – принцот Филип. Принцот не остана да го прослави 95-иот роденден на кралицата. Според изворите, Меган не присуствуваше на погребот поради бременоста и препораката од лекар.
Хари и Меган, кои се преселија во Калифорнија, не се во најдобри односи со кралското семејство после скандалозното интервју што го направија со Опра, но наводно, тажната смрт на Филип барем малку го зближи Хари со семејството.
Меган и Хари очекуваат уште едно дете, а открија дека станува збор за девојче.
Спирова С. | Црнобело