Парис Хилтон облечена како за Оскари оди на романтична вечера со четвртиот вереник (фото)

Парис Хилтон облечена како за на црвениот тепих оди на романтична вечера со нејзиниот нов и четврти вереник, 40-годишниот Картер Реум, а на фотографиите парот изгледа навистина заљубено - дали оваа врска ќе стигне до брак?

paris-hilton-vo-valentino-fustan-odi-na-romantichna-vechera-so-chetvrtiot-verenik-foto-01.jpg

Парис Хилтон изгледа пресреќно на новите папарцо фотки со нејзиниот вереник Картер Реум. Парот беше фотографиран како оди на романтична вечера, а Парис се дотерала како за на црвениот тепих.

40-годишната богаташка носи розов Valentino фустан, во комбинација со розови чевли и чанта. Таа носи и дијамантски ѓердан, а на нејзината рака блеска вереничкиот прстен, кој наводно чини дури 2 милиони долари.

Нејзиниот вереник одбрал безбедна комбинација – црно одело и црни патики.

paris-hilton-vo-valentino-fustan-odi-na-romantichna-vechera-so-chetvrtiot-verenik-foto-04.jpg

Вљубениот пар се држи за рака, а споделија и неколку бакнежи, пред Парис да почне да им позира на папараците.

paris-hilton-vo-valentino-fustan-odi-na-romantichna-vechera-so-chetvrtiot-verenik-foto-05.jpg

paris-hilton-vo-valentino-fustan-odi-na-romantichna-vechera-so-chetvrtiot-verenik-foto-06.jpg

paris-hilton-vo-valentino-fustan-odi-na-romantichna-vechera-so-chetvrtiot-verenik-foto-02.jpg

Картер е четвртиот вереник на Парис, а ја запроси на нејзиниот 40-ти роденден, за време на прославата на приватен остров. Парот нема споделено дали прават планови за свадба, но според сестрата на Парис, Ники Хилтон, уште не им се брза.

„Мислам дека нема да се венчаат во блиска иднина. Парис сака да направи венчавка кога ќе биде безбедно, а кога ќе се случи тоа дефинитивно ќе ѝ помогнам, особено за моминската вечер“.

paris-hilton-vo-valentino-fustan-odi-na-romantichna-vechera-so-chetvrtiot-verenik-foto-08.jpg

Според Ники, иако Парис нема планови за свадба, сигурна е дека моминската вечер ќе ја прослави во Лас Вегас или Мајами.

paris-hilton-vo-valentino-fustan-odi-na-romantichna-vechera-so-chetvrtiot-verenik-foto-07.jpg

Ники открива и дека периодов Парис е доста зафатена со нејзините бизнис проекти, па тоа е уште една причина зошто не ѝ се брза за венчавката. Истовремено, Ники тврди дека Парис и Картер се совршен пар:

„Многу се слични. И двајцата се фокусирани на нивната работа и работат со страст. Одлично се согласуваат“.

paris-hilton-vo-valentino-fustan-odi-na-romantichna-vechera-so-chetvrtiot-verenik-foto-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg