Парис Хилтон се вери по 4-ти пат на нејзиниот 40-ти роденден (фото)

Парис Хилтон се вери со нејзиното момче Картер Реум, со кого е во врска околу една година, а ова е четвртата свршувачка на богаташката. Картер ја запроси на плажа, и тоа на нејзиниот 40-ти роденден.

paris-hilton-se-veri-po-4-ti-pat-na-nejziniot-40-ti-rodenden-foto-01.jpg

После една година заедно, 40-годишниот Картер Реум ја запроси Парис Хилтон, и тоа на нејзиниот 40-ти роденден.

Богатата наследничка сподели видео и фотографија од романтичниот момент на Инстаграм, а на нејзиниот сајт сподели цела галерија фотографии.

paris-hilton-se-veri-po-4-ti-pat-na-nejziniot-40-ti-rodenden-foto-04.jpg

paris-hilton-se-veri-po-4-ti-pat-na-nejziniot-40-ti-rodenden-foto-02.jpg

„Кога ќе ја најдете вашата сродна душа, не само што го знаете тоа, туку го чувствувате. Мојата љубов и јас сме заедно од нашиот прв состанок, а за мојот роденден тој организираше посебно патување на тропски рај.

Како што одевме на вечера покрај плажата, Картер нè тргна настрана и клекна на едно колено. Јас реков да, да за тоа засекогаш да бидеме заедно. Нема друга личност со која би сакала да го поминам остатокот од животот“, пишува во описот на видеото.

View this post on Instagram

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

„Мојот сон се исполни! Премногу го сакам мојот иден сопруг! Најдоброто роденденско изненадување досега! Возбудена сум што ќе ти бидам сопруга!“, напиша Парис на фотката.

Парот бил на приватен остров, кога Картер клекнал на колено и ја побарал раката на Парис со смарагден прстен направен од врвен изработувач на накит – пра-правнукот на Луј Картие.

Картер ја запросил Парис на плажа, а за посебниот момент и двајцата носеа бела облека. Парис носеше долг бел фустан, бели балетанки и круна, а Картер носеше бели панталони, кошула, сако и патики.

paris-hilton-se-veri-po-4-ti-pat-na-nejziniot-40-ti-rodenden-foto-03.jpg

Ова е четвртата свршувачка на Парис, која претходно се вери со Џејсон Шо во 2002-ра, со Гркот Парис Латсис во 2005 и актерот Крис Зилка во 2018-та.

Парис и Картер ја почнаа врската во 2019-та, а претходно беа пријатели цели 15 години.

Откако Парис кажа „Да“, на парот им се придружија Ники Хилтон, заедно со нејзиниот сопруг, како и нивниот брат Барон.

paris-hilton-se-veri-po-4-ti-pat-na-nejziniot-40-ti-rodenden-foto-05.jpg

paris-hilton-se-veri-po-4-ti-pat-na-nejziniot-40-ti-rodenden-foto-06.jpg

Беа присутни и неколку членови од семејството на Картер, вклучувајќи ги мајка му и брат му.

Повеќе фотки од настанот:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Милионерот Џанлука Ваки ја изненади свршеницата за роденденот - Бели рози на полноќ за саканата „Кога двајца луѓе првпат ќе се сретнат, тие се избираат еден со друг во првите 3...
Бившиот објави нивна секс снимка, била малтертирана во поправен дом – Тажни детали од животот на Пар... Бившиот на Парис Хилтон објави нивна секс снимка и без разлика што таа беше жртв...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Татко ѝ милионер ја оставил со „само“ 800.000 долари, живееше во камп-приколка: Факти за Тори Спелин... Таткото на Тори Спелинг имаше богатство од 600 милиони долари, но ја остави ќерк...
Николас Кејџ никогаш посреќен со 31 годинa помладата сопруга + детали за 4-те пропаднати бракови на ... Иако е во брак со 31 година помлада жена, ова не е најскандалозниот брак на Нико...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg