Џастин Тероу конечно проговори за разводот со Џенифер Анистон: „Не е така како што мислеа сите“
- Детали
- сабота, 24 април 2021
Актерот ја запроси Анистон на нејзиниот 41-ви роденден во Њујорк, ова беше втор брак за Џенифер Анистон, откако во 2005 година се разведе од Бред Пит.
Од бракот со Бред Пит кој заврши во 2005 година љубовниот живот на Џенифер Анистон постојано е мета на интерес на нејзините фанови.
Нејзиниот втор брак беше со актерот Џастин Тероу со кого почна бракоразводна постапка во 2017 година, по само 2 години брак, а фановите се прашуваа која беше причината за крајот на нивната љубовна приказна.
Сѐ досега, Џастин и Анистон не зборуваа ништо на тема нивната разделба и покрај разните гласини, но сега актерот во интервју за магазинот „Esquire“ проговори за причините за нивната разделба и негираше дека тоа било желбата на Анистон да живее во Лос Анџелес која се разликувала од неговата која била да живее во Њујорк.
„Тоа што се говореше не е вистина, во најголем дел. Луѓето си креираат приказни со кои самите тие се чувствуваат подобро или си ги поедноставуваат работите“, вели Тероу.
Тој и Анистон по разводот беа фотографирани неколкупати заедно, дури и за некои празници. Тероу потврди дека останале пријатели и вели: „Не разговараме секој ден, но си се јавуваме понекогаш. Правиме и видео повици. Си праќаме и пораки.“
Тој продолжува: „Сакале или не, ние немавме драматична разделба и се сакаме еден со друг. Искрен сум кога кажувам дека го ценам нашето пријателство. Не можеме да бидеме заедно и да си носиме радост. Но, како пријатели функционираме одлично и би било загуба ако не сме во контакт, барем лично за мене“.
Анистон и Тероу почнаа да се состануваат во 2011 година кога работеа на снимањето на филмот „Wanderlust“ заедно.
Актерот ја запроси Анистон на нејзиниот 41-ви роденден во Њујорк, а се венчаа на тајна церемонија во нивниот дом во август 2015.
Во февруари 2018 парот официјално го објави разводот:
„Одлучивме да ја објавиме нашата разделба. Одлуката беше взаемна и донесена на крајот од минатата година. Ние сме двајца најдобри пријатели кои одлучија да се разделат како пар, но ќе продолжат да го негуваат своето пријателство.“