Кога витката линија има „скапа цена“: Готвач ја открива суровата диета на Наоми Кемпбел
- Детали
- недела, 25 април 2021
Наоми Кемпбел е еден од најзгодните, светски познати супермодели. Но, исто така е една од жените со најсурова дневна исхрана, која веројатно не е препорачлива за никого...
Тајната која ја чува околу исхраната е тоа што јаде само еден оброк дневно.
50-годишниот супермодел има готвач кој вели дека оброците мора да бидат по одредени прописи, бидејќи Наоми не консумира млечни производи, глутен и пилешко месо.
„Готвам за неа веќе цела деценија. Мое задолжение е од намирниците кои таа самата ги бира, да направам еден оброк дневно – едноставен и здрав.
Таа е вегетаријанец и се придржува до тој тип на исхрана.
„Наоми никогаш не нарачува храна од ресторан. Доколку се одлучи за таа опција, секогаш ќе бара нешто што не е на менито. За неа секогаш креирам нова храна.
Исто така, не одобрува користење на сол и бибер, па морам да користам само природни, сушени билки.
Кога патува, ѝ правам храна за по пат, бидејќи оброците во авион не ѝ одговараат,“ вели Шон Џон, кој додава дека иако ѝ ја приготвува храната на Наоми, таа не консумира оброци од неговиот ресторан.
Наоми Кемпбел е уште еден доказ дека некои жени се преоптоварени со изгледот и одат до крајни граници, но, дали навистина има потреба од тоа?
М. Д. | Црнобело