Ким Кардашијан се топи пред Дејвид Бекам, Викторија не го испушта од рака на забавата за 47-иот роденден
- Детали
- понеделник, 19 април 2021
Додека се поздравува со Дејвид Бекам со пријателски бакнеж и прегратка, Ким „се топи“ пред него и цела вечер разговараат, а Викторија пак, не го испушта од раце својот прекрасен сопруг, на забавата организирана од Фарел, веднаш по нејзината роденденска прослава.
Музичарот Фарел Вилијам отвори нов хотел, а по тој повод организираше забава во Мајами, на која присуствуваа Бекамови, но и Ким Кардашијан. Забавата се одржа кратко по прославата на Викторија Бекам по повод нејзиниот 47-ми роденден.
А, дефинитивно еден од најинтересните мигови на забавата е кога Ким Кардашијан „се топи“ додека се поздравува и разговара со Дејвид Бекам.
На видеото споделено од Daily Mail се гледа моментот кога Ким и Дејвид се поздравуваат со прегратка и бакнеж, а очигледно, Ким е доста возбудена.
Малку подоцна тие разговараат, додека Викторија Бекам стои до нив со препознатливиот сериозен израз на лицето и го држи Дејвид за рака.
На забавата Викторија носеше црни кожени панталони, бела кошула и портокалови чевли. Ким Кардашијан одбрала мини фустан со шлиц и сандали со врвки и високи потпетици.
Викторија сподели и фотка од забавата, со опис:
„Се чувствувам благословено што запознав толку многу неверојатни луѓе овде во Мајами!“
Потоа таа сподели и фотка од интимната прослава на плажа што ѝ ја приредил Дејвид за роденденот. На фотката, вљубениот пар изгледа одлично, а во описот Викторија му се заблагодарува на фудбалерот за изненадувањето.
Спирова С. | Црнобело