Лицето ѝ се „распаѓа“, нема што не оперирала – Како изгледа сестрата на Мајкл Џексон?
- Детали
- четврток, 13 мај 2021
На сите нови фотки Ла Тоја Џексон, сестрата на Мајкл Џексон, си го крие лицето под големи очила и шешири, бидејќи буквално е изобличена.
Одговорот на прашањето што има оперирано на себе, е прилично долг – ги подигала веѓите, ја стеснувала брадата, го коригирала носот и ги средувала јаболкниците. Се смета дека има минимум 10-тина операции само на лицето.
Ги има и зголемено градите, но за разлика од Мајкл Џексон, ја нема избелувано кожата.
Јавноста постојано коментира дека изгледа како во секој момент да ќе ѝ се распадне лицето, а последиците од естетските операции сака да си ги сокрие под големи шешири и очила за сонце.
Ла Тоја се прославила со синглот Heart Don’t Lie во 1984-та година, но многу брзо во ’90-тите години доживеала пад на својата кариера.
Животот ѝ бил полн со несреќни случки – мажите ја ограбувале, злоставувале и се обидувале да ја наканат да снима филмови за возрасни.
Многумина сметаат дека операциите се последица на нејзините трауми од детството, баш како што тоа било случај и со Мајкл Џексон.
Дури и нејзиниот Инстаграм е преполн со објави на кои таа ретко се појавува:
М. Д. | Црнобело