Луси Лу (52) не старее: „Не мора да имаш 20 години за да изгледаш добро во бикини – во што е мојата тајна?“

„Бракот не е на мојата листа на нешта што морам да ги направам“ – вели актерката за која времето како да застанало и на 52 години изгледа исто како и пред 30 години, а денес е мајка на 5-годишно дете, заради што се труди да остане здрава.

lusi-lu-52-ne-staree-ne-mora-da-imash-20-godini-za-da-izgledash-dobro-vo-bikini-vo-shto-e-mojata-tajna-01.jpg

Во интервју за Women’s Health, актерката која е позната по улогите во Charlie’s Angels и Kill Bill открива дека за неа е најважна конекцијата помеѓу умот и телото и дека останува фокусирана со помош на медитација, вежби и хоби, а неодамна откри дека најздравото нешто што може да го направи е да каже јавно што ѝ е на ум.

Како што вели, сега многу повеќе обрнува внимание на своето тело и се приклонува кон верувањето дека умот и телото се поврзани, затоа што на 52-години сака да биде што е можно поздрава за нејзиниот 5-годишен син Роквел.

https://www.instagram.com/p/CEco6Hig-sA/?utm_source=ig_web_copy_link

Тоа според неа значи консумирање на добра храна за да остане „подмачкана“. Околу една година актерката беше веган, а во декември минатата година стана вегетеријанка.

„Правам многу работи за син ми што имаат сирење и јајца во нив, па јадам заедно со него затоа што тој сака да ја делиме храната“ - вели таа и додава дека нејзиниот акупунктурист предложил да ги врати јајцата во исхраната.

Таа открила дека растителната храна ѝ дава повеќе енергија и ѝ предизвикува помала подуеност. Деновиве готви многу повеќе: обожава каша од киноа, супа, како онаа што ја прави со јојоба, корен од лотус и печурката Hericium erinaceus, на англиски позната како Lion’s Mane.

Генерално, може да се забележи дека Луси останува достојна на Азиските корени, па како во исхраната, така и во животот ги практикува и источната филозофија и источната медицина.

https://www.instagram.com/p/B92zsDJAMYi/?utm_source=ig_web_copy_link

Таа верува во моќта на акупунктурата, а редовно посетува лекар за тестирање на активноста на мускулите, алтернативна пракса што вклучува тестирање на силата на мускулите за да се откријат недостатоците на телото. Секојдневно вежба трансцедентална медитација, па на тој начин ги одржува силни и умот и волјата.

https://www.instagram.com/p/BIdiSYUjkBI/?utm_source=ig_web_copy_link

Како и за сите нас, и Луси во интервјуто открива дека во последната година животот драстично ѝ се променил.

Ако во минатото постојано била на снимање, сега цела година е затворена во станот во Њујорк, а тоа ѝ овозможило да помине многу повеќе време со синот Роквел. Заедно јадат, читаат, цртаат па дури почнале заедно да земаат и музички часови за свирење укулеле.

„Тоа што тој знае дека ова е дома, и дека јас сум дома, навистина е убаво чувство“ - вели таа.

https://www.instagram.com/p/CKXBmE4gf7S/?utm_source=ig_web_copy_link

Животот според неа не се состои од пополнување празни квадратчиња, туку да се слушне тоа што е вистинско за неа во дадениот миг.

„Го правам тоа што го сакам и во согласност со тоа како се чувствувам. Не мора да ја прифатам социјалната норма што вели: сега ќе се омажиш. Не затоа што се бунтувам против тоа. Кога е вистинско, ќе биде вистинско. Но, нема да го направам само за да го направам. Бракот не е на мојата листа на нешта што морам да ги направам. Немам таква листа, вели таа.

Инаку Луси позираше и на насловната страница на магазинот, а целта на оваа фотографија била да покаже дека не мора да имаш 20 години за да изгледаш добро во бикини, а нејзината тајна за добар изглед се состои од самодовербата.

„Со сите недостатоци и целиот живот што телото ќе го помине, сепак тоа е нешто што треба да го носиш со самодоверба“ - вели Луси.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg