Криси Тајген и Џон Леџенд го слават роденденот на ќерката на тајна тропска локација + фотки од луксузниот одмор
- Детали
- среда, 14 април 2021
Изминативе неколку дена, Криси Тајген и Џон Леџенд уживаат на семеен одмор, на мистериозна тропска локација, каде што го прославија и петтиот роденден на ќеркичката. 35-годишниот модел сподели многу фотки од одморот, но ни таа ни Џон не ја откриваат дестинација.
Криси го најави одморот со фотка од неа во бањарка, веројатно направена во мигот кога се подготвувала за патувањето, а потоа и со слатко селфи со ќеркичката. Од многуте фотки што ги сподели Криси, се гледа дека целото семејство ужива во одморот, а со нив е и стилистката на моделот – Алана Ван Дераа.
Ќерката на славниот пар, Луна, изгледа пресреќно додека си игра во песокот, а синчето Мајлс, преморен од играта, заспал во прегратките на Криси, додека таа ужива во тропското зајдисонце.
Денес, пак, 14 април, Луна го слави петтиот роденден, а по тој повод Криси сподели прекрасна фотографија од неа.
„До моето мило, забавно, паметно и неверојатно мало девојче, не ми се верува дека денес полниш пет години! Ти благодарам за пет совршени години. Ти си нашата ќерка од соништата“, пишува во описот.
Криси сподели и една семејна фотографија, заедно со уште неколку фотки од Џон и Луна, нагласувајќи дека тоа биле најсовршените фотографии.
Криси и Џон ги добија Мајлс и Луна со вештачко оплодување, а последната бременост на моделот, за жал, заврши со спонтан абортус.
Криси беше отворена за целото трауматично искуство, а минатиот месец повторно прозборе на истата тема во интервју за PEOPLE:
„Тешко ми е да се помирам со фактот дека повеќе не можам да бидам бремена, бидејќи се чувствувам многу здраво. Постојано се прашувам зошто. Но, потоа си помислувам дека само затоа што моето тело не сака да соработува со мене, не значи дека тоа е неуспех“.
Криси додава дека е среќна што успеале да ги добијат Мајлс и Луна со вештачко оплодување и е особено благодарна за тоа.
Исто така, таа вели дека не може да си го замисли животот без многу деца, па затоа со Џон нема да се откажат и таа се надева дека секоја жена во иста ситуација ќе има можност да добие дете.
„Важно е и би сакала сите да имаат можност да си ги исполнат соништата. Тоа би било прекрасно. Прескапо е да замрзнете јајце клетки, а вештачкото оплодување не им е достапно на многу луѓе, а треба да им биде. Не треба да биде толку скапо за една жена да може да добие дете“.
Спирова С. | Црнобело