Го нарекуваат „косовскиот Џорџ Клуни“ – Како изгледа таткото на Дуа Липа на 52 години? (фото)
- Детали
- вторник, 13 април 2021
Дуа Липа очигледно ја наследила убавината од нејзиниот татко, кој на 52 години зрачи со сексапил и веќе е Инстаграм ѕвезда со илјадници фанови, кои го споредуваат со Џорџ Клуни.
Во 90-ите години Дукаѓин Липа бил рок ѕвезда во бендот Oda, а сега е директор на најголемиот фестивал „Сани Хил“ во Косово и извршен директор на агенцијата за комуникации РЕПУБЛИКА.
Таткото на пејачката е роден во Косово, има 52 години и поседува статус на рок ѕвезда, иако веќе не работи како музичар.
Како што може да се забележи и на фотографиите, тој и Дуа се мошне блиски и редовно ја следи ќерка си одејќи по разни настани.
Фановите на Дуа Липа се воодушевени од изгледот на нејзиниот татко, а тој веќе одамна е Инстаграм ѕвезда и го следат повеќе од 240.000 следбеници.
За време на доделувањето на British Music Awards во 2019-та Дукаѓин беше забележан од страна на водителот на шоуто, кој тогаш рече дека веднаш „се вљубил во таткото на Дуа Липа“.
„Ја гледате сребрената лисица овде, најзгодниот татко во музичката индустрија? Може да се смениме – ќе ти го дадам мојот татко?“, рече водителот, пренесува The Sun.
Инаку, семејството на Дуа Липа се преселило во Британија од Косово во 1992 година, но во 1999 година пак се враќаат во Косово.
Го носи прекарот „сребрена лисица“ и многумина го споредуваат со Џорџ Клуни.
По фотките е јасно зошто тој е миленик на жените ширум светот:
Б. С. Б. | Црнобело