„Како да сум вљубена во цунами“ - Меган Фокс искрено за врската со Машин Ган Кели + новиот моден погодок на парот
- Детали
- петок, 09 април 2021
Кога и да се појават во јавност, Меган Фокс и нејзиното момче Машин Ган Кели секогаш привлекуваат внимание. Овојпат музичарот и актерката беа забележани во складни модни комбинации – и двајцата носеа мантили од латекс.
Наводно, Меган Фокс и Машин Ган Кели оделе на двоен состанок со Аврил Лавињ и нејзиното момче, облечени во модно усогласени аутфити.
Меган носи светло розов мантил од латекс, фармерки и розови чевли. Нејзиното момче, пак, е во црно од глава до пети и носи црн мантил од латекс.
Меган Фокс и Машин Ган Кели изгледаат како највљубениот славен пар, а и двајцата редовно го потврдуваат тоа. Актерката има изјавено дека се чувствува одлично со нејзиниот партнер и вели дека ѝ изгледало како да е „вљубена во цунами“.
„Интензитетот на нашата врска е неверојатен и иако некогаш изгледа заканувачки, се чувствувам како да немам избор освен да се препуштам на уживањето“.
Актерката открива и дека никогаш не се обидува да го контролира, а тој, пак, тврди дека Меган многу му помогнала да се справи со разните зависности.
„Никогаш нема контрола од моја страна. Кога сака да го избегне деструктивното однесување, само помислува на мене. Затоа му помагам, бидејќи ако биде оставен потполно сам, не знам колку ќе му биде важно да се грижи за себе“, вели актерката.
Спирова С. | Црнобело